„100 години од Првата светска...

60

Transcript of „100 години од Првата светска...

Page 1: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското
Page 2: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

„100 години од Првата светска војна –Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916 – 1918“

Воениот музеј, кој е во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија, со поддршка

од Амбасадата на Република Италија организираше изложба по повод 100 години од доаѓањето на италијанските експедициски сили на Македонскиот фронт. На изложбата беше презентиран уникатен фотографски и друг историски материјал кој е добиен од Амбасадата на Италија. На отворањето на изложбата присуствуваа голем број гости и високи претставници на Министерството за одбрана на Република Македонија и на ГШ на

АРМ, како и голем број претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на свеченото отворање на изложбата посочи

дека оваа изложба ја прикажува заедничката судбина на Македонија и на Италија, како земји-страдалници во „Големата војна“, воедно истакнувајќи ја денешната одлична соработка

Изложба во Воениот музеј

Page 3: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

„100 години од Првата светска војна –Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916 – 1918“

3

ШТИТ година VIII број 86 декември 2016

Инфо Работна посета на САД и Канада

Интервју со Бригаден генерал Гордана Гарашиќ, заменик-директор на RACVIAC

На прва линијаИсламската држава и митот за „осамените волци“

Јубилеи110 години од раѓањето на генералот Михаило Апостолски

ГлобалЦентри на извонредност во НАТО

ВооружувањеМолотов коктел - тајното финско оружје

ВооружувањеРуски ракетен систем „земја-воздух“ OСA

24 часаИнженерискиот баталјон на АРМ

Вооружување„AFV Grizzly“

ГлобалСтратком во ИСАФ –многубројни промени

ГлобалОперативен пристап

НезадолжителноМакедонски книжни и ковани пари

Филм„Преку граници“

Убавините на МакедонијаКомплексот „Македонско село“

с о д р ж и н а

8

12

6

18

26

3638

4246

5256

16

59

меѓу двете земји, особено во сферата на одбраната. Свое обраќање на отворањето на изложбата имаше и италијанскиот амбасадор во Република Македонија, Карло Ромеро, кој ја потврди одличната соработка меѓу двете земји. Директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев, поконкретно се осврна на материјалот презентиран на изложбата, истакнувајќи дека станува збор за уникатна поставка која содржи 150 автентични фотографии и 25 карти архивирани во Воениот институт во Рим и другите институции во Република Италија. Претставени се 16 серии од панорамски фотографии

од различни позиции на Македонскиот фронт, а прикажани се и позициите во близина на Битола и Дојран и Дојранското Езеро, односно двата градови кои најмногу настрадале во Првата светска војна. Тој посочи дека италијанските автори кои известувале и пишувале за овие простори, во своите записи ја спомнуваат Македонија како земја каде е воспоставен македонски фронт, а воедно ги препознаваат Македонците како луѓе со посебен национален идентитет.Изложбата ќе биде отворена до крајот на јануари 2017 година, од 9 до 17 часот.

34

Page 4: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

ИздавачМинистерство за одбрана на Република Македонија

ПодготвуваИздавачки совет

Претседател на Издавачкиот советд-р Зоран Јолевскиминистер за одбрана

на Република Македонија

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:Умит Реџепи

(техничко уредување), Митко Василевски

(новинар), Кристина Илиевска

(новинар), Ксенија Митева

(лектор); Александар Атанасов

(фотографии)

Димче Исаиловски, академски сликар

(ликовно-графички дизајн и корица)

Печати: „Европа 92“

Кочани

4

Војната како начин за решавања за недоразбирањата меѓу луѓето претставува

едно сеопшто зло кое, за жал, до денес сè уште не е надминато и претставува извор на големи човечки страдања. Oсвен фактите кои се присутни во делата на историчарите, за војните дознаваме и од делата на уметниците. Бројни се делата на книжевните класици и модерни автори во кои се раскажува и прикажува страдањето на луѓето во големите и мали војни. Бројни се и сликарите кои на свој начин, преку цртежот и бојата, го овековечиле ужасот на војната. Со појавата на фотографијата, се појави и жанрот на воената фотографија. Фотографите со своите фотоапарати ги следеа војниците и ги фотографираа битките, колоните страдалници, бегалци, ранети, загинати....сиот пустош и безумие на војната... Минатата година имавме можност во Воениот музеј да ја разгледаме поставката со фотографии од фотографот Мерл ле Вој од САД, којшто фотографирал на овие простори за време на Првата светска војна. Деновиве, пак, имавме несекојдневна можност да ги видиме сите фотографирани топографски карти и фотографии направени од фотографите во редовите на италијанската војска за време на Првата светска војна, која војувала и на овие простори. И од двете страни, и од сојузничкиот

фотограф и од Италијанците, за навек се забележани и страдањето и голготата на народот кој живеел на овие простори, на Македонецот кој присилно војувал и за едните и за другите, гинел и страдал во Големата војна. Овие фотографии имаат непроценлива фактографска, историска, а секако и длабока уметничка експресивна вредност. Светот и денес се соочува со безброј конфликти во кои е присутно страдањето на луѓето. Бегалската криза не ја одмина ниту нашата држава. Случувањата на нашата јужна граница, освен што беа во фокусот на дејствувањето на институциите кои се грижеа за регулирањето на овој масовен егзодус, привлекоа и голем број новинари и фоторепортери кои известуваа за сите случувања. А, некои од фотографиите навистина се со силен емотивен набој и уметнички пораки. Па, така, и првонаградената фотографија на Конкурсот за најдобра новинарска фотографија во Р. Македонија е направена токму на нашата јужна граница. Фоторепортерката на „Дневник“, Маја Златевска, на свој начин, преку објективот на фотоапаратот, го прикажа моментот на очај, изгубеност и страдање на детето кое бега од војната. Оваа фотографија ќе остане трајно сведоштво, но воедно и апел, да се престане со конфликтите и војните во кои страдаат најневините.

д-р Жанет Ристоска

Фактографија и уметност

Page 5: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Инфо

5

Делегација од Министерството за одбрана, предводена од државниот секретар Елизабета

Чуповска-Ристова, во Атина имаше средба со ЗНГШ на грчките вооружени сили, генерал-потполковник Георгиос Параскопулос. За време на консултациите се разговараше за реализираните активности во 2016 година и за планираните активности за 2017 година. Беа презентирани и капацитетите на Регионалниот центар за обука за односи со јавноста (РЦОЈ) и беше предложено продлабочување на воспоставената соработка меѓу нашиот Центар и Центарот за обука за мировни операции во Кукуш, Грција. Во насока на конечно имплементирање на Програмата за размена на податоци за ситуацијата во воздушниот простор (ASDE), грчката страна изрази подготвеност за обезбедување на стручни обуки за персоналот на АРМ. Истакнувајќи ја политичката волја за продолжување на успешната соработка во областа на одбраната, шефовите на двете делегации го потпишаа Планот за билатерална воена соработка меѓу Република Македонија и Република Грција за 2017 година.

Во посета на Министерството за одбрана и АРМ беше команданотот на Командата на копнените сили на

САД за Европа, генерал-потполковник Бен Хоџис. На средбата со министерот Јолевски се разговараше за интензивирање и продлабочување на соработката преку заеднички вежбовни активности и обуки. Преку вежбите кои се планираат за идната, 2017 година, ќе продолжи трендот на унапредување на интероперабилноста на АРМ со армиите на земјите-членки на НАТО, што е од особена важност за Македонија, имајќи предвид дека членството во Алијансата останува стратешка определба на земјата. Соговорниците на средбата разговараа и за процесот СЕДМ, при што министерот Јолевски истакна дека Македонија ќе биде домаќин на главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа од 2020-2026, што говори за лидерството на земјата во регионот. Генералот Бен Хоџис оствари средба и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, а го посети и Баталјонот на Воената полиција. Генералот Бен Хоџис ја посети и Воената академија, каде оствари средба и со дел од питомците со кои разговараше за лидерството во војската и за значењето на воената професија, а на најдобрите тројца питомци им врачи и признанија.

Соработката продолжува

Билатерален договор

Министерот Јолевски учествуваше на министерскиот состанок на

Централноевропската одбранбена соработка и дел од земјите од Југоисточна Европа, кој се одржа во Австрија. Пред министрите за одбрана на земјите-членки на Централноевропската одбранбена соработка, министерот Јолевски посочи дека стратегиските цели на Република Македонија се членството во НАТО и во ЕУ. Во своето обраќање министерот Јолевски посочи дека Р. Македонија е подготвена за ефикасна и практична билатерална и регионална одбранбена соработка на земјите од Централна и Југоисточна Европа, истакнувајќи дека е неопходна сеопфатна стратегија и политика на ЕУ за мигрантската криза, за безбедносните предизвици, потреба од размена на информации, биометриска регистрација на сите мигранти, како и размена на овие податоци.

Министерски состанок во Австрија

Министерот Зоран Јолевски и генерал-потполковник Бен Хоџис

Министерот Зоран Јолевски на министерски состанок во Австрија

Државниот секретар Елизабета Чупоска-Ристова во работна посета на вооружените сили на Грција

Page 6: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Во текот на посетата на САД министерот за одбрана Зоран Јолевски имаше средбa со Петер Дуе, директор за Азија, за

Блискиот Исток, за Европа и за Латинска Америка во Одделот на ООН за мировни операции. Притоа се разговараше за идните планови за учество на припадници на АРМ во мировните операции на светската организација. Воедно беа разменети мислења за состојбите во Сирија и во Ирак, како и за мигрантската и бегалската криза која ја зафати Европа. Министерот Јолевски оствари работна средба и со Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар. Беа разменети мислења за актуелната политичка состојба

Интервју

Работна посета на министерот Јолевски

на САД и Канада

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во текот на ноември престојуваше во повеќедневна работна

посета на Соединетите Американски Држави

и Канада, при што оствари значајни средби

и учествуваше на безбедносни форуми на

високо ниво

Инфо

Page 7: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

7

во Република Македонија. Соговорникот истакна дека САД имаат интерес Република Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и на ЕУ и дека доколку изборите на 11 декември се фер и кредибилни, САД ќе ја поддржи Владата на Р. Македонија во нејзините евроатлантски интегративни процеси. Министерот Јолевски во текот на работната посета на САД оствари средби и со високи претставници на фондацијата „Херитиџ“, која има значајна улога во дефинирањето на стратегијата на Републиканската партија и идната администрација. Главни точки на разговорите беа потребите од забрзана евротлантска интеграција на Р. Македонија, економската политика и визната либерализација. Индексот за економска слобода кој го објавува фондацијата „Херитиџ“ е доказ дека Македонија води солидна економска политика, која е пример за многу земји во регионот. Во САД министерот Јолевски присуствуваше на традиционалниот концерт за Денот на благодарноста кој го слави пријателството меѓу граѓаните на САД и Македонија, на кој настапија македонските уметници, пијанистот Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Лумановски.Во рамките на работната посета на Канада, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски имаше средба во Отава со Џорџ Фури, спикер на Сенатот при Парламентот на Канада. За време на средбата беше констатирано дека Македонија и Канада имаат одлична билатерална соработка, особено во делот на одбраната. Министерот Јолевски во Канада учествуваше на форум на тема „Мигрантската криза и нејзиниот импакт врз земјите од т.н. Западен Балкан, ЕУ и НАТО“, во организација на Амбасадата на Р. Македонија во Канада, кој се одржа на престижниот универзитет „Карлтон“ во Отава. За време на излагањето на Форумот, министерот Јолевски истакна дека мигрантската криза е сериозен предизвик за Европа и дека е потребно да се најде сеопфатен пристап и акции за изнаоѓање солуции за нејзино надминување на краток, среден и долг рок. Канадските учесници на Форумот, ја истакнаа позитивната улога на Македонија во однос на бегалската криза и ја истакнаа потребата од доделување поголема финансиска и техничка асистенција на Република Македонија и на другите земји во регионот кои непосредно се соочуваат со бегалската криза.Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, учествуваше и на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада, при што оствари поголем број средби со негови колеги, министри за одбрана, сенатори, членови

на канадскиот парламент. Министерот Јолевски имаше одвоени средби со министерот за одбрана на Канада, Синг Саџан, министерот за одбрана на Естонија, Ханес Хансо, министерката за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш, како и со министерот за безбедносните сили на Косово, Хаки Демоли. Исто така, министерот се сретна и со американската сенаторка Џин Шахин, како и со повеќе истакнати личности од американскиот и канадскиот политички естаблишмент. Воедно, за време на престојот во Халифакс, министерот Јолевски имаше свое обраќање на средбата посветена на иднината на мировните операции на ОН, која ја организира канадскиот министер за одбрана Саџан.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски за време на учеството на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада, оствари средба и со заменик-генералниот секретар на НАТО, Росе Готемолер. Главна тема на разговорот беше интеграцијата на Република Македонија во НАТО. Притоа, министерот Јолевски информираше за реформите во одбранбениот сектор и за процесот на модернизацијата на АРМ. Говорејќи за модернизацијата, информираше дека во следната година ќе се зголеми буџетот за одбрана, при што ќе биде исполнет еден од двата критеруми од Кардиф, 20% од буџетот за одбрана да се користи за модернизиција. Воедно, истакна дека модернизацијата се врши во согласност со стандардите на НАТО и партнериските цели кои Македонија ги има договорено со НАТО. На средбата стана збор за мигрантската криза, како и за претстојните избори.Заменик-генералниот секретар на НАТО, Росе Готемолер, ги поздрави реформите и зголемениот буџет за одбрана, посебно за расположивите средства за модернизација. Исто така, истакна дека следната година НАТО ќе има поголем фокус на Југоисточна Европа, односно на Западен Балкан.На панелот на Безбедносниот форум во Халифакс, посветен на иднината на НАТО, говореа заменик-генералниот секретар на НАТО, Росе Готемолер, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и сенаторката Џин Шахин. Последниот ден од Безбедносниот форум во Халифакс, министерот Јолевски, заедно со потпретседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кристина Берил и претседателот на ХИАС, Марк Хетфилд, говореа на панелот: „Додека бегалците ги преминуваат границите, државите си ја префрлаат топката“.

Р.Ш.

Page 8: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Кои беа Вашите претходни работни обврски во вооружените сили и Министерството за одбрана

на Република Хрватска, Вашиот развој во кариерата и искуствата во меѓународни рамки?– Одлуката да им се приклучам на вооружените сили ја донесов уште за време на студиите на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб. Многу важен

фактор кој ми помогна да го направам тој чекор беше тогашната војна за независност (Татковинската војна), каде сакав да дадам свој придонес.По дипломирањето на Правниот факултет се пријавив и бев примена во Министерството за одбрана, и тоа прво како цивилнио лице вработено во Секторот за менаџирање со персоналот. Поради моите добри резултати ми беше понудена активна воена должност, со

што започна мојата воена кариера (со основна офицерска обука). Сум служела и во Центарот за контрола на оружје, односно во Центарот за верификација, во Одделот за одбранбена политика, во Хрватското воено претставништво на НАТО/ЕУ во Брисел, Белгија. Бев назначена за шеф на Кабинетот на НГШ, за шеф на тековни операции во Командниот центар за операции, како помошник-советник за одбрана во

Бригаден генерал Гордана Гарашиќ,заменик-директор на RACVIAC

Интервју

8

Page 9: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Кабинетот на претседателот, раководител на Секцијата за управување/менаџирање со персонал (J1) во Здружениот штаб. Двапати имам учествувано во НАТО-операцијата за безбедносна помош –ИСАФ во Авганистан. Вториот пат имав функција на советник за родови прашања на командантот на операцијата ИСАФ што, всушност, беше и прв пат должноста на советник за родови прашања во операцијата на НАТО да ја извршува генерал со една ѕвезда (бригаден генерал). Исто така служев и во Кабинетот на претседателот на Република Хрватска и врховен командант на хрватските вооружени сили како шеф на воената служба. Во 2013 година дипломирав на Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон, САД, на школата за Националната стратегија за безбедност на ресурси „Двајт Ајзенхауер“ и се здобив со титула магистер на науки за национална стратегија за ресурси.

Која е улогата и кои се најзначајните функции на Центарот RACVIAC во безбедносната соработка и кои се Вашите надлежности како заменик-директор?– Центарот за безбедносна соработка RACVIAC е формиран во 2000 година како верификација на Регионалниот центар за контрола на оружје и Центарот за имплементација на помошта со цел да се обезбеди обука за контрола на оружјето и да се промовира доверба и градење на мерките за безбедност во Југоисточна Европа. Новата спогодба беше ратификувана во декември 2011 година и Центарот се стекна со статус на регионална меѓународна организација со статус на дипломатска мисија во земјата-домаќин, Хрватска. Од тогаш датира и целосното име на центарот – RACVIAC – Центар за безбедносна соработка со мисија за поттикнување на дијалогот и соработката во областа на безбедноста во Југоисточна Европа. Нашите активности ги фокусираме на трите најистакнати области (столбови): кооперативна безбедносна средина

со фокус на контрола на оружјето, реформата на безбедносниот сектор и меѓународната и регионалната соработка, со фокус на евроатлантската интеграција. Мрежата за борба против оружјето за масовно уништување е додадена како многу важна област и се формираше по барање на нашите членови да се овозможи развој на националните стратегии за борба против

оружјето за масовно уништување, како и за зајакнување на соработката во оваа област. Во моментов имаме 9 членови: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Исто така, имаме 14 асоцијативни членови и 6 набљудувачи. Од октомври 2014 година, Косово* е покането да учествува на трајна основа, на сите нивоа и под еднакви услови на сите активности и состаноци. Мојата работа како заменик-директор вклучува надзор и координација на персоналот по однос на сите прашања; одговорност за развој на предлог-програмата и за нејзиното извршување, исто така и политика за буџет и развој и процедури кои ја поддржуваат мисијата на РАКВИАК, вградените активности на вработените и ефективна поддршка на сите активности на RACVIAC.

* Овој натпис не го прејудицира статусот, и е во согласност со Резолуцијата 1244 и мислењето на МСП за декларацијата на Косово за независност (во согласност со постапките во однос на регионалната застапеност и соработка).

Колку е застапена обуката и едукацијата во врска со родовата

9

Министерството за одбрана на Република Македонија има одлична соработка и

придонесува во рамките на регионалниот центар за безбедност и соработка RACVIAC, кој е лоциран во Република Хрватска. Во овој

број го пренесуваме интервјуто со бригадниот генерал Гордана Гарашиќ, која од јули оваа

година е назначена за заменик-директор на Центарот RACVIAC

Page 10: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

10

рамноправност и родовата перспектива во годишните програми на RACVIAC? – Во рамките на реформите во безбедносниот сектор, во областа на човековите права и родовата рамноправност, RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка организира две активности поврзани со интеграцијата на родовата перспектива во безбедносниот сектор за регионот на Југоисточна Европа, како и во контекст на имплементацијата на Резолуцијата 1325. Првата активност е годишниот Курс за обука на обучувачи, кој се одржува заедно со Персоналното одделение/единица на Генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска и нордискиот Центар за родови прашања во воените операции (NCGM). Наставните програми за Родова обука на обучувачи (GToT) се изработени врз основа на образецот/модел од NCGM,

сертифициран од страна на НАТО, кој постојано се подобрува во согласност со научените лекции и потребите на Југоисточниот регион. Оваа двонеделна обука подготвува инструктори и тренери кои ќе можат самостојно да планираат и да спроведуваат обуки и едукација пред распоредувањето во мисија за

војници, единици и поединци во однос на родовите перспективи во воени операции. Содржината е применлива, како за национални така и за меѓународни обуки и едукација на вооружените сили и организации од доменот на одбраната, а учесниците се стекнуваат со

знаења за тоа како да се интегрира родовата перспектива во специфична обука за мисија, но и во националната основна обука.Втората активност е годишната конференција на тема „Родовата перспектива и безбедносниот сектор во Југоисточна Европа». Со оваа активност, и тоа уште од 2012 година,

продолжуваме да овозможуваме процес на вмрежување во Југоисточна Европа во однос на „националните фокусни точки за родови прашања“, потполно поддржувајќи ги постоечките напори за родова еднаквост, пред сè во контекст на современите безбедносни предизвици за Европа и пошироко. Цели на конференцијата вообичаено се: тековниот напредок во спроведувањето на Резолуцијата 1325 и соодветните резолуции во земјите кои учествуваат во RACVIAC; организирање експертски форум за соодветната тема и за поддршка на професионален развој за

Соработката со Министерството за одбрана е многу добра. Македонија е земја-членка на RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка и

активно придонесува за сите активности, почнувајќи од буџет,

персонал а, меѓу другото, е и домаќин на активности.

Page 11: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

11

двете клучни професионални групи кои се директно или индиректно вклучени во спроведувањето на национален акционен план (национални централни/фокални точки и инструктори за родови прашања). Планирано е во текот на следната година оваа конференција да се одржи под наслов „Разновидност и инклузија во безбедносниот сектор“, а целна група е клучното раководство.

Една од главните цели на Вашата неодамнешна посета на Министерството за одбрана на Република Македонија беше во врска со заедничкиот проект во рамките на центарот RACVIAC. За каков проект станува збор, кога и како ќе биде реализиран?– Во текот на 2017 година, поточно на почетокот на март, во Македонија, како земја-домаќин ќе се одржи една од позначајните активности според извештајот за безбедносниот сектор во вид на семинар насловен како „Гранична безбедност и управување“. Целта на овој заеднички проект е да се продолжи со решавање на предизвиците на граничната безбедност и управувањето, да се идентификуваат тековните и идните предизвици и да се поддржи спроведувањето на Концептот за безбедност и управување на границата на земјите-членки на ОБСЕ во регионот на Југоисточна Европа. Семинарот ќе се фокусира на зајакнување на капацитетите за градење и на евроинтегративните процеси во Југоисточна Европа. Во тој контекст, многу е важно дека сите ние имаме заеднички став како да започнеме да ги решаваме современите проблеми и закани со дијалог и соработка. Јас би сакала да ја искористам оваа прилика за да му се заблагодарам на македонското Министерство за одбрана за поддршката и подготвеноста да биде домаќин на оваа важна активност.

Колку е значајна регионалната соработка и како ја оценувате соработката со Министерството за одбрана на Република Македонија?– Регионалната соработка е многу важна, бидејќи заканите со кои се соочуваме ниту една земја не може да ги реши сама. Почнувајќи од тероризмот, борбата против оружјето за масовно уништување (контрола на оружје), нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверц на оружје, сајбер-хибридни закани и други видови закани, регионалната соработка е уште поважна бидејќи секој регион има свои специфики. Соработката со Министерството за одбрана е многу добра. Македонија е земја-членка на RACVIAC – Центарот

за безбедносна соработка и активно придонесува за сите активности, почнувајќи од буџет, персонал а, меѓу другото, е и домаќин на активности. Ние, исто така, имаме потпишано и Меморандум за соработка со Воената академија, со цел директна размена на кадри, размена на публикации и информации во области од заеднички интерес и развој и спроведување на заеднички семинари и конференции. Една од областите каде што имаме многу добра соработка е сајбер-безбедноста.

Како ја гледате иднината на RACVIAC и воопшто, регионалната соработка помеѓу земјите на Југоисточна Европа и пошироко?– Сметам дека важноста на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC ќе продолжи да расте, бидејќи

регионалната соработка нема друга опција. Предизвиците со кои се соочуваме не може да се надминат како индивидуална земја, односно клучот е во соработката и градењето меѓусебна доверба. Мора да се нагласи дека RACVIAC е единствената регионална организација во Југоисточна Европа која се занимава со прашања од областа на безбедноста, така што значењето да продолжиме со работа и да го поттикнуваме дијалогот за безбедност нема да се намали. Во случај, а се надевам дека ќе биде така, сите земји од Југоисточна Европа да станат членки на евроатлантските организации (ЕУ и НАТО), улогата на регионалните организации ќе биде уште позначајна, бидејќи секој регион има свои прашања и специфики.

д-р Жанет Ристоска

Page 12: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

12

Исламската држава (ИД) во текот на оваа година континуирано трпи порази на бојното поле. Се проценува дека таа изгуби

половина од својата територија во Ирак и речиси 20 % во Сирија, вклучувајќи ги и клучните транспортни правци со Турција, кои се од витално значење и за прилив на странски борци на групата. Иако територијата под контрола на ИД и понатаму се намалува, заканата е сè уште присутна. ИД докажа дека е хибридна, приспособлива организација, применувајќи креативни мерки за обликување на својот одговор од надворешните притисоци. Како што територијата која е под контрола на

групата се намалува, а нејзиното раководство е десеткувано преку извршување на воздушни напади предводени од САД и од Русија, ИД сè повеќе се потпира на нејзините „виртуелни планери“ – припадници кои работат на темната страна на интернет-медиумите, инспиратори и координатори на нападите надвор од традиционалните исламистички региони на делување. Од почетокот на 2015 година, ИД планираше и реализираше операции од висок профил, а Европа беше погодена директно во срце. Со текот на времето стануваше сè појасно дека стратегијата на ИД за изведување на операции во Европа не е случајна,

нивните методи на дејствување се внимателно организирани и раководени од нивните филијали. Само неколку дена по масакрот во Ница, 17-годишен авганистански мигрант кој бараше азил во Германија, со секира и нож ги нападна патниците во возот во Вирцбург и пред полицијата да го убие, повреди четири лица. Два други напади во име на ИД беа извршени на 24 и 26 јули: во германскиот град Ансбах во самоубиствен бомбашки напад беа повредени 15 лица, и во предградието на францускиот град Руан, на 84-годишен свештеник му беше пресечено грлото. Овие инциденти се дел од поширокиот тренд на зголемено насилство преземено од осамени

На прва линија

Исламската држава и митот за „ОСАМЕНИТЕ ВОЛЦИ“

Page 13: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

13

поединци. Западните аналитичари и научници при секој од овие напади, брзаат секој од овие сторители да го етикетираат како „осамен волк“, како лица кои немале значителни врски со ИД или други милитантни групи и кои нападите ги извршиле самостојно. Ова етикетирање генерално се случува во краток рок по нападите, пред разузнавачките и безбедносните служби да ја информираат јавноста за планирање и извршување на инцидентот и за затворање на истрагата. Всушност, за помалку од еден ден по нападот во Ница, извршителот беше опишан како „осамен волк“ кој, всушност, не бил поврзани со ИД. Аналитичарите сè почесто грешат во дефинитивната категоризација на терористичките напади, изјавувајќи дека се операции изведени од „осамен волк“, за подоцна да се утврди дека извршителот е поврзан со одредена ќелија или мрежа. Во најмала рака, поединците означени како „осамени волци“ често се во комуникација со други милитанти, користејќи уреди кои ги трансформираат-заштитуваат информациите, кои многу тешко се дешифрираат. При избрзување во изјавите за извршителите на терористичките напади да се означат како самостојни оперативци, постои опасност од дополнително поттикнување на терористичките мрежи за извршување нови напади. Очигледно е дека митот за „осамените волци“ одреден период не треба премногу да се експлоатира. Тенденцијата за означување на осамените напаѓачи како самостојни, без конекции со широката мрежа на милитантните исламистички

организации, ги попречи аналитичарите целосно да ја разберат големината на мрежата која стои зад координираните напади во Париз и во Брисел.Во април 2015 година во Франција, Сид Ахмед Глам, студент од Алжир, побарал медицинска помош откако случајно си пукал во ногата додека ракувал со огнено оружје. Истрагата открила дека Глам, кој поседувал неколку парчиња оружје, планирал да изврши напади врз цркви во Париз и е осомничен за убиство на жена пронајдена мртва во едно париско предградие. Во август 2015 година, тројца Американци спречиле 25-годишен марокански државјанин, Ајуб Ел Казани, да дејствува со огнено оружје врз патниците кои патувале со воз од Амстердам до Париз. На почетокот се сметало дека двата напади не се поврзани, а Казани бил означен како

„осамен волк“. И двата случаи изгледале како дело на аматери. Во меѓувреме, кратко по неуспешниот напад на Казани, ИД ја поттикнува перцепцијата дека таа е првенствено заинтересирана за инспирирање на индивидуални напади од„осамени волци“, наместо директно да влијае на текот на акцијата. Преку нивните медиуми споделуваа пропагандни видеа, повикувајќи ги „осамените лавови“ да ги убијат непријателите на организацијата.Но, по деструктивниот напад во Париз во ноември 2015 година, станува сè појасно дека првичните процени се погрешни. Во март 2016 година, истрагата потврди дека Глам, Казани и неколку други лица, добивале инструкции за извршување напади во Европа од лицето Абделхамид Абауд, организатор на ноемвриските напади во 2015 година во Париз.

Неговата намера секако била овие напади да успеат, но тие, исто така, помогнале да се одвлече вниманието од пософистицираните оперативни планови на ИД. Овие аматерски напади, наводно од „осамени волци“, послужиле како „димна завеса“, којашто овозможила ИД „мирно да се подготвува“ за своите идни операции. Бидејќи аналитичарите и официјалните претставници во борбата против тероризмот сметаа дека Глам, Казани и другите напаѓачи се самостојни, без меѓусебна поврзаност, ја пропуштија можноста да ја идентификуваат оперативната инфраструктура вклучена

Од почетокот на 2015 година, ИД планираше и реализираше операции

од висок профил, а Европа беше погодена

директно во срце. Со текот на времето

стануваше сè појасно дека стратегијата на ИД за

изведување на операции во Европа

не е случајна, нивните методи на дејствување

се внимателно организирани и

раководени од нивните филијали

Page 14: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

14

во координација на различни напади на ИД во Европа. Неуспехот да се идентификуваат заедничките врски помеѓу веројатните „осамени волци“ и ИД е дел од еден поширок и долгогодишен модел на потценувањето на обемот на милитантните исламистички мрежи кои дејствува на Западот. Официјалната истрага по извршените терористичките напади на 7 јули 2005 година во Лондон, терористичката ќелија ја опиша како автономна, без врски со „Ал Каеда“. Но, идејата дека бомбашките напади во Лондон беа целосно неповрзани со „Ал Каеда“ е дефинитивно побиена. Во јули 2006 година, „Ал Каеда“ преку нивните медиуми објави видео во кое Мохамад Кан, лидерот на терористичката група која ги изврши нападите во Лондон 2005 година, потврдува дека тој ги посетувал камповите за обука на „Ал Каеда“ во Пакистан. Веродостојноста на видеото е потврдена од страна на западните разузнавачки служби и агенции. Лондонските безбедносни и разузнавачки експерти ги признаа пропустите во истрагата и нивната неподготвеност во идентификувањето на врските помеѓу напаѓачите и „Ал Каеда“.Меѓутоа, и понатаму безбедносните аналитичари продолжуваат да ги игнорираат врските помеѓу индивидуалните напаѓачи со глобалните милитантни исламистички мрежи. Дел од причините за овој конзистентен неуспех на безбедносните служби може да лежи во нивната немоќ за решавање на

проблемот, избегнување на одговорност и искривување на вистината. Обичните граѓани-набљудувачи на настаните, сметаат дека нападите извршени од страна на организирани терористички мрежи треба да бидат превенирани од страна на државните безбедносни служби и, секако, вината за неуспех за превенција ќе ја бараат кај нив. Но, доколку во јавноста се пласираат

информации дека нападите се извршени од осамени напаѓачи, кои многу тешко се лоцираат и превенираат, тогаш безбедносните служби имаат „оправдан неуспех“. Друга причина може да биде желбата да се потцени опасноста од терористичката мрежа поради политички придобивки и избегнување на преземање кинетичка акција против овие терористички мрежи. Очигледно е дека фактите за оваа закана често се пренасочуваат во остварување на политички приоритети, а вистината е дека врските на овие индивидуални терористи со глобалните терористички мрежи често се занемаруваат. Всушност, теориите дека неодамнешните терористички напади се дело на

поединци веќе се дискредитирани. ИД ја презеде одговорноста за нападите во возот во Вирцбург – Германија во јули 2016 година. За кратко време групата објави видео во кое сторителот јасно докажува дека е дел од ИД со намера за извршување на терористички напади. Помалку од една недела по нападот во Ница и тврдењето дека се работи за „осамен волк“, француските власти открија дека Мохамед Бухлел не можел да дејствува сам. На неговиот мобилен телефон се пронајдени пораки за комуникација со останатите членови од групата која со месеци претходно го планирала нападот.Природата на радикализацијата и оперативното планирање во дигиталната ера ги усложнија напорите да се толкуваат и да се анализираат нападите извршени од страна на еден поединец. Милитантните исламисти кои во минатото планирале и извршиле напади низ Европа практикувале состаноци во мали групи, во подземни џамии, куќи или други дискретни

локации. Радикализацијата се одвивала преку директен контакт, лице в лице. Разузнавачките и безбедносните служби постојано очекувале физички докази за ќелии и регрутација, прислушувани разговори и докази од видеонадзор. Но, со развојот на социјалните медиуми и шифрираната комуникација, радикализацијата и оперативното

планирање лесно може да се одвива целосно преку интернет. ИД го искористи развојот на комуникациските технологии за градење кохезивни „онлајн“ заедници кои го поттикнуваат чувството на „далечно интимно семејство“, и со тоа ја олесни радикализацијата. Групата, исто така, има свој тим од „виртуелни планери“, кои го користат интернетот за да идентификуваат регрути, да ги координираат и

да ги насочуваат нападите, често без да се сретнат физички со сторителите. Улогата на виртуелните планери може да трае со месеци или подолго пред да се реализира нападот. Овие „виртуелни планери“, кои обично се стационирани во Сирија и во Ирак, преку социјалните мрежи вршат избор на потенцијалните поддржувачи ширум светот, кои подоцна ќе изразат интерес за извршување на напади, но кои може да немаат технички или оперативни сознанија за реализација. Виртуелната мобилизацијата на приврзаниците на ИД кои веќе живеат на Запад има јасни предности. Таа им овозможува да им даваат инструкции на нивните приврзаници преку шифрирани

Разузнавачките и безбедносните служби постојано очекувале физички докази за ќелии и регрутација, прислушувани разговори и докази од видеонадзор. Но, со развојот на социјалните

медиуми и шифрираната комуникација, радикализацијата и оперативното планирање

лесно може да се одвива целосно преку интернет

Page 15: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

15

апликации и притоа ги избегнуваат ризиците поврзани со обуката и испорачување на оперативци од Сирија. Оваа стратегија стана клучна компонента на глобалните напори на ИД. Од почетокот на 2016 година, од страна на странските разузнавачки служби, пресретнати се случаи во кои групата започнува да ги обесхрабрува странските борци да се приклучуваат на организацијата во регионот на Блискиот Исток и во Северна Африка, и ги советува „да останат во своите земји и таму да дејствуваат.“ Променливата природа на оперативно планирање на глобалните милитантни исламистички организации ја нагласува потребата од нов концепт за разбирање на односот помеѓу индивидуалните напаѓачи и мрежите на овие организации. Повеќе не е логично да се применуваат методите од преддигиталната ера за справување со современите терористички напади, кои се извршени во времето на „Твитер“, „Телеграм месинџер“ и заштитена врска „крај со крај“.Постојат неколку категории на напаѓачи кои остваруваат врски со терористичките мрежи. Првата категорија се напаѓачи кои изведуваат операции, со претходна подготовка и физички контакт, обучени и испратени од страна на терористичката организација. Втората категорија се напаѓачите кои имаат контакт преку социјалните медиуми со виртуелни планери, кои им помагаат да ја одредат целта, да го утврдат времето на нападот и да им обезбедат техничка помош. Во третата категорија спаѓаат оперативци кои се во контакт со милитантна група преку интернет-комуникации, но не добиваат конкретни упатства за

извршување на нападот. И, конечно, четвртата категорија ги претставува вистинските „осамени волци“, лицата кои имаат претходна обука и искуство како дел од некоја терористичка организација, а одлучуваат да напаѓаат комплетно самостојно, без воопшто да комуницираат „онлајн“ или физички со терористичките мрежи.Јасно е дека многу тешко може да се најдат примери од досега извршените напади за извршители кои се декларирани како„осамени волци“, а навистина да се вклопуваат

во дефиницијата. Сè додека нападите лажно се категоризираат, современите демократски држави не можат ни да започнат да го возвраќаат ударот. Случаите како последните терористички напади во Германија и во Франција, организирани од многубројните виртуелни планери на ИД, со сигурност ќе се повторат при организирање на нивните операции низ целиот свет. Истите не треба веднаш да бидат етикетирани како напади реализирани од „осамени волци“, термин кој го игнорира фактот за потенцијалното далечинско водење на нападите од страна на командантите на ИД во Ирак, во Сирија и на други места. И покрај фактот дека систематска загуба на територијата на ИД е од суштинско значење за ерозија на организацијата како целина, таа без сомнение ќе најде нов начин за адаптација во новонастанатите околности. Виртуелните планери дефинитивно ќе бидат средство за исполнување на стратегија на групата на подолг рок. Виртуелните планери може да делуваат од секаде, вооружени со еден компјутер и интернет-конекција. Како што западната коалицијата продолжува да ја деградира ИД на теренот, така паралелно треба да се зголеми моќта на перцепција на нивните оперативци во „онлајн“ просторот и секако, да бидеме подготвени да се соочиме со нови напади на територијата на Европа уште долго време по падот на калифатот. И, за крај, дефинитивно ни е потребен подобар модел за разбирање на тероризмот во оваа современа дигиталната ера.

д-р Ненад Танески

Page 16: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

16

Во трагичниот виор на Втората светска војна, во копнежот по слободата и раѓањето

на сонцето, во бескрајните фронтови долж целата то-гашна Југославија, улогата на Македонецот низ таа патека до победата е непроценлива. Во галеријата на великани-те, бројот на највлијателните е голем за земја каква што е Македонија, нивното дело големо како желбата конечно да се победи фашизмот и нашата земја во духот на космополитизмот да го одбележи својот географски простор каде што сите во мир ќе живеат, ќе учат и ќе работат. НОБ и целиот борбен естаблишмент би биле сиромашни ако таа „ херојска елита“ во својата архива на пиедестал ја нема

издигнато и личноста на генерал Михаило Апостолски, славниот Дончо од Штип-ско Ново Село, храбриот командант на партизанските одреди, воен теоретичар, научник и долгогодишен претседател на МАНУ.8.11. 2016 година. Свеченост во чест на 110-годишнината од раѓањето на генерал Михаило Апостолски.Големата сала на Домот на АРМ во цен-тарот на Скопје беше полна со цивилни и

униформирани лица. Воената академија „Гене-рал Михаило Апостолски“ во чест на 110-годишнина-та од раѓањето на гене-ралот Апостолски при-реди јубилејна свеченост, славејќи го денот кога е роден нејзиниот патрон. Уште при подготовките на

свеченоста можеше да се види нивото на важноста што му беше дадена на овој јубилеј . Питомците од Академијата ги зазедоа своите места, претставници на Сојузот на борците на Македонија и современици на генералот Апостолски пред почетокот на свеченоста, во духот на сеќавањата ги одржуваат своите длабоки другарства, униформирани лица од АРМ и претставници на МО исчекуваат да

110 години од раѓањето на генералот Михаило Апостолски

Јубилеи

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во чест на 110-годишнината од раѓањето на генералот Апостолски приреди јубилејна свеченост, славејќи го денот кога е

роден нејзиниот патрон

Page 17: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

почне приредбата која е историски пресек за животот на можеби највлијателниот Македонец во бурните времиња на анти-фашистичкиот отпор од претходниот век. Воената академија навистина има одлични организатори во своите редови. Женскиот дел од фолклорниот ансамбл „ Танец“ емотивно ја испеа химната на Република Македонија и даде силен увод во тоа што понатаму следуваше.Во својот говор деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, полковникот д-р Орце Поповски, изрази посебна чест и пиетет кон ликот и делото на генералот Апостолски, истакнувајќи дека институцијата со која раководи со-сема оправдано го носи името на овој великан од нашата понова историја и дека е чест да се биде на врвот на една ваква институција.Осврнувајќи се малку на актуелностите и биографските секвенци од работењето на Воената академија, полковникот Поповски како декан на Академијата, изнесе дека оваа институција е високо рангирана на-учна база од чии редови денес излегуваат најквалитетните кадри кои со гордост ги носат униформите на АРМ, но и на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи. Авто-ритетот на самата институција од говорот на деканот, полковник Орце Поповски, можеше да се види дека достигнува регионални висини и дека во амфитеа-трите на истата седат и студенти кои овде дипломирале, а се од други држави и стекнатите знаења ги пренесуваат надвор од Македонија во своите матични земји. „Голема чест е да се зборува како декан на Воената академија“, заклучи во својот говор деканот Поповски.Инспиративно, патриотски, реално за ликот и делото на големиот генерал Михаило Апостолски, зборуваше и прет-ставничката на Сојузот на борците на Македонија, Верка Бунтеска, како и пен-зионираниот генерал Борис Стојановски, кои претставија периоди од животот на генералот Апостолски, од најраната фаза, школувањето, периодот пред 1941 година, од антифашистичкиот период и борба, после војната кога на здрави темели се изгради денешна Република Македонија, како одговор на сите жртви кои таа ги даде во борбата против фашизмот.На самата свеченост, во име на Воената академија, деканот, полковник Поповски со плакети им се заблагодари за до-сегашната соработка на ГШ на АРМ, на СБМ, на Здружението на пензионира-ни генерали, како и на Националната установа, Ансамблот на народни игри и песни на Македонија – „Танец“. Воени-от оркестар при АРМ во својот музички опус изведе фантастични аранжмани од македонски патриотски и борбени песни.

Се претставија и со музички маршеви кои го подигнаа адреналинот на присутните во салата. После нив своја точка има-ше ансамблот „Танец“. Машката секција играорци од оваа национална институција во традиционални македонски носии, го заземаа почетниот чекор за да го одигра-ат „Тешкото“. Грмнаа тапаните и зурлите во акустичната сала. Силна порака низ фолклорни елементи и движења кои ја от-сликуваат картата на сите наши страдања низ вековите. Сите маки, копнежи, стре-межи и жртви. На крајот орото победнички завршува со брзи чекори и освојување на слободата. Оваа слобода е благодарение на славниот командант, генералот Миха-ило Апостолски, но и на тие пред него и на оние кои заедно со него ја извојуваа за ние денес да можеме да ја почувству-ваме.Затоа, имаме обврска засекогаш да ја чуваме слободата на нашата татковина Република Македонија.

Митко Василевски

17

Page 18: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

18

Во НАТО постојат и успешно функционираат одредени цен-три преку кои се согледуваат искуствата и практиката и се

врши обука за идните човечки капаците-ти на Алијансата.Центрите на извонредност (Centres of Excellence) се меѓународни воени организации кои ги обучуваат и ги едуцираат лидерите и специјалистите на држави од земјите-членки и партне-рите на НАТО. Тие помагаат во развојот на доктрината, вршат идентификација на научените лекции, ги подобруваат интероперабилноста и способностите и вршат тестирање и верификација на концептите преку експериментирање. Преку овие центри се врши избегнување

на дуплирање на средствата, ресурсите и можностите во Алијансата. Во момен-тов постојат 24 вакви центри, од кои 23 имаат акредитација на НАТО, а за по-следниот сè уште се водат преговори за негово оформување. Како работен јазик во центрите, главно се користи англи-скиот јазик.Центрите покриваат широк спектар на области како што се: цивилно-во-ени операции, сајбер-одбрана, воена медицина, енергетска безбедност, поморско војување, одбрана од теро-ризмот, обука за операции во ладни временски услови итн. Целосна одговор-ност над нив има сојузничката команда за трансформација, која е одговорна за воспоставување, акредитација,

Центри на извонредност во НАТО

Глобал

Page 19: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

19

подготовка на кандидати и перио-дични оценувања на центрите, во координација со врховниот командант на сојузничките сили на Европа. Интересно е тоа што центрите се наци-онално или мултинационално финан-сирани. Алијансата не ги финансира директно, ниту се дел од командната структура на НАТО.1. Центарот за анализа и симулација на воздушните опера-ции (Centre for Analysis and Simulation of Air Operations) е оформен во 2008 година и се наоѓа во Лион, Франција. Како главна област на делување е командување и контрола во здружени и мултинационални опера-ции во воздухот. Центарот користи два типови на вежби: компјутерски аси-стирани вежби и вежби на командно место. Врши анализи на научените лекции од реалните опе-рации и вежбите и истите ги применува во обуката.2. Центарот за цивилно-воена сора-ботка (Civil Military Cooperation Center) е под покровителство на Германија и Холандија, а истиот е лоциран во Хаг од 2007 година. Насочен е кон подобрување на цивилно-воената интеракција и соработка помеѓу НАТО и другите воени и цивилни групации. Цен-тарот е отворен и за други меѓународни

организации, како на пример за Европ-ската унија, невладини организации и научни институции.3. Центарот за операции во студени услови (Cold Weather Operations Center) е лоциран во Бодо, Норвешка. Се фоку-сира на операции во екстремно студени услови. Соработува со центарот за планинско војување во Словенија кој сè уште чека акредитација како 24-ти

центар на изво-нредност.4. Центарот за здруже-ни операции од морето (Combined Joint Operations from the Sea Center) е насочен кон борба против глобалните безбедносни предизвици и здружените за-еднички опера-ции од морето.

Се наоѓа во Норфолк, Вирџинија, САД, и функционира од 2006 година.5. Центарот за команда и контрола (Command and Control Center) е лоциран во Утрехт, Холандија. Се фокусира на аспектите од командување и контрола со фокус на оперативната околина.6. Центарот за сајбер-одбрана (Cooperative Cyber Defence Center) е под покровителство на Естонија и е лоциран во главниот град. Неговата мисија е

Page 20: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

20

подобрување на соработката, капаци-тетите и размената на информациите за сајбер-безбедноста помеѓу земјите од НАТО. Се фокусира на вежби, истражување, конференции и обука во неколку области на сајбер-војување. 7. Центарот за борба против импрови-зирани експлозивни направи (Counter-Improvised Explosive Devices Center) е формиран со цел да се намалат и да се елиминираат заканите од импровизи-рани експлозивни направи. Се наоѓа во Мадрид, Шпанија, и истиот е етаблиран во 2010 година.8. Центарот за контраразузнавање (Counter Intelligence Center) е со седиш-те во Краков, Полска. Обезбедува сеоп-фатна експертиза во областа на контра-разузнавачките служби. Покрај Полска, истиот е поддржан и од Словачка.9. Центарот за управување со кризи и реакција при елементарни непо-годи (Crisis Management and Disaster Response Center) е релативно нов центар, воспоставен во 2015 година, со седиште во Софија, Бугарија. Пре-ку него се подобрува капацитетот за справување со различни видови кризи.10. Центарот за одбрана од тероризмот (Defence Against Terrorism Center) е ло-циран во Анкара, Турција. Се фокусира на обука за борба против тероризмот. Објавува преглед од оваа област два пати годишно.11. Центарот за енергетска безбедност (Energy Security Center) обезбедува ек-спертиза за сите аспекти на енергетска-та безбедност на краток, среднорочен и долгорочен план. Се наоѓа во Вилнус, Литванија.

12. Центарот за разместување на ек-сплозивни средства (Explosive Ordnance Disposal Center) е воспоставен во Тренчин, Словачка. Обработува теми за подобрување на трансформацијата на НАТО, нуди практична соработка со партнерите и меѓународните организа-ции во областа и стандардизацијата со развој на доктрината од оваа област.13. Центарот за разузнавање (Human Intelligence Center) нуди експертиза за стратешките команди и другите тела на НАТО преку експериментирање, тестирање и валидација. Истиот е лоци-

ран во Романија од 2010 година.14. Центарот за здружени воздуш-ни сили (Joint Air Power Competence Centre) со седиште во Калкар, Германија, нуди разработка на опера-циите на Алијансата преку развивање и унапредување на нови идеи за командување, контрола и употреба на воздушните средства од сите видови вооружените сили. 15. Центарот за здружена хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна одбрана (Joint Chemical, Biological, Radiological and Nuclear Defence Center) со локација во Вишков, Чешка, разви-ва доктрини за одбрана, стандарди и знаења, со цел да се подобри интеро-перабилноста и способностите од оваа област.16. Центарот за воено инженерство (Military Engineering Centre) дава мож-ности за здружено и комбинирано воено инженерство. Центарот е стациониран во Германија.17. Центарот за воена медицина (Military Medicine Centre) се фокусира на меди-

Центрите на извонредност (Centres of Excellence) се меѓународни воени

организации кои ги обучуваат и ги едуцираат

лидерите и специјалистите на држави од земјите-

членки и партнерите на НАТО. Тие помагаат во развојот на доктрината, вршат идентификација на научените лекции,

ги подобруваат интероперабилноста и способностите и вршат

тестирање и верификација на концептите преку експериментирање

Page 21: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

21

цинска обука и евалуација, со примена на научените лекции за да ги подобри медицинските способности и интеро-перабилноста. Се наоѓа во Будимпеш-та, Унгарија, а истиот е поддржан од Германија.18. Центарот за воена полиција (Military Police Centre) се наоѓа во Полска. Обезбедува зголемување на способно-ста на воената полиција во НАТО, со поттикнување на интероперабилноста и обезбедување на експертиза за актив-ностите на воената полиција. Акредити-ран е во 2014 година.19. Центарот за моделирање и симулација (Modelling and Simulation Centre) нуди обука, експериментирање и развој на доктрината во областа на моделирањето и симулацијата. Се наоѓа во Рим, Италија, а истиот е активиран во 2012 година.20. Центарот за поморско минско војување (Naval Mine Warfare Centre) обезбедува курсеви за поморски персо-нал од Белгија и Холандија. Центарот

делува и како технички советник на сојузничката команда за операции и им помага на оперативните команди на НАТО.21. Центарот за операции во ограничени и плитки води (Operations in Confined and Shallow Waters Center) се наоѓа во Германија и обезбедува воена обука во оваа област. 22. Центарот за политика на ста-билност (Stability Policing Centre) ги зајакнува напорите на стабилноста и реконструкцијата на Алијансата во пост-конфликтни сценарија. Стациониран е во Италија од 2015 година.23. Центарот за стратешки комуника-ции (Strategic Communications Centre) е лоциран во Рига, Латвија, со един-ствена мисија во насока на развој и подобрување на стратешките кому-никации пред и после операциите на Алијансата. Работи и како центар за дебата во различни дисциплини: јавна дипломатија, јавни работи, воено-јавни работи, психолошки и информативни операции.Генерално, центрите на извонредност се специјализираат во една функци-онална област и нивните припадници дејствуваат како експерти во својата област. Тие ги дистрибуираат знаењата во детали од својата област преку об-уки, конференции, семинари, вежби, развивање на концепти и доктрини, како и преку анализа на научените лекции.

Драган Павловски

„AMPV BAE Systems“

Во октомври 2016 г. на манифестацијата „AUSA 2016“,

компанијата „BAE Systems“ најави дека истиот месец ќе бидат произведени првите сериски возила AMPV (Armored Multi-Perpose Vehicles – оклопни повеќенаменски возила). Првата пратка од 29 возила на армијата на САД ќе ѝ

бидат испорачани во декември 2016 година. Армијата на САД преку овој проект сака да замени еден голем дел од оклопните транспортери „М113“, со ново оклопно повеќенаменско возило, кое ќе може да следи чекор на боиштето со тенкот „Abrams“ и борбеното возило на пешадијата M2 Bradley“. Во мај 2014 год. соодветен одговор на ваквите барања понуди компанијата „BAE Systems“, чиј предлог беше за основа на новото возило да се искористи возилото „M2 Bradley“, кое веќе е докажано на боиштето со неговата голема можност за преживување. Новото возило AMPV ќе има повеќе од 80% заеднички компоненти со возилото „M2 Bradley“, но според плановите на „BAE Systems“, оперативните трошоци на возилото планира да се намалат, односно да бидат слични со оние на „М113“. Во основа, AMPV ќе биде модифициран „Bradley“, но без борбената купола, а со зголемен транспортен простор , надграден мотор и електрични системи и зголемена оклопна заштита. Основниот оклоп ќе биде од заварени алуминиумски плочи на чии одредени критични позиции се поставени челични плочи, а ентериерот е обложен со кевлар. Подот има облик на буквата „V“ и зајакнат е со челични плочи, со цел подобра заштита од мини и импровизирани експлозивни направи. Надворешно, на возилото се поставени блокови од реактивен оклоп, со цел зголемување на заштитата од дејство на РПГ. Некои ќе бидат опремени со заштитени отворени куполи или со мали далечински управувани куполи кои ќе можат да прифатат пушкомитралез тип „М240“, тежок митралез „М2 HB“ или автоматски лансер на гранати „Мк19“. Aрмијата на САД има потреба од 2.907 возила од моделот AMPV, 386 од верзијата носач на минофрлач од 120 mm, 790 за медицинска евакуација, 216 за медицинско третирање, 993 oд командната верзија и 216 возила од основната верзија.

Ивица Дамески

Инфо

Page 22: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

22

Автоматот UZI, којшто е над 60 годи-ни во практична борбена употреба претставува компактно оружје со одличен баланс, издржливо, пре-

цизно и ефикасно. Бил дизаниран во 1948 год. од офицерот на израелската армија Узиел Гал, по кого го добил и името UZI. Како пример за создавањето е чешкиот автомат ,,Модел 23”. Во текот на 1950 год. е произведен првиот прототип, а од 1954 год. и официјално е воведен во армијата на Израел. Сандакот на автоматот „UZI“ се изработува од пресувани челични лимови кои потоа се заваруваат. Над сандакот е поставен лимен поклопец кој оневозможува влегување на нечистотии во внатрешноста, а воедно на него е поставена и рачката за репетирање на оружјето. За полесна контрола на дол-ниот преден дел од сандакот е поставен пластичен ракофат, исто така и на пиштол-скиот ракофат за подобар фат се поставени пластични корици. Рамката за муниција се сместува во пиштолскиот ракофат, па затоа на долниот лев дел од пиштолскиот рако-фат е поставено копчето за утврдување/ ослободување на рамката за муниција. На задниот горен дел од пиштолскиот ракофат, е поставено копчето на автоматската кочни-ца за заштита од предвремено испукување, кое доколку не е добро притиснато автома-тот нема да дејствува. На горниот лев дел од пиштолскиот ракофат е поставен лост од селекторот за стрелба, кој поседува 3 позиции. Позицијата „S“ е „закочено“, „R“ е „полуавтоматска (единечна) стрелба“, а „А“ е за „автоматска (рафална) стрелба“. Автоматот е опремен со преден механич-ки нишан (се приспособува по височина и правец) и заден механички нишан со L-форма, кој со едноставно преклопување се приспособува на поделбите од 100 m и 200 m. Од бочните на нишаните се поста-

вени по два штитници. Цевката на „UZI“ е со калибар од 9 mm, а должината изнесува 260 mm. Во неа се изжлебени 4 навои со десен чекор на ротација од 254 mm. Две третини од цевката е сместена во сандакот, од кои 1/3 е поклопена од затворачот кога борбено се дејствува. Принципот на работа е заснован на слобод-но отргнување на затворачот. Се дејствува од отворен затворач, што значи пред секое повлекување на чкрапалото, затворачот се наоѓа во задна положба. Кундакот на првата верзија бил фиксен и направен од дрво, а на втората верзија е поставен метален кундак на склопување. Стандардните рамки за муниција кои ги користи „UZI“ (калибар 9 mm) се дворедни, со капацитет од 20, 25 и 32 куршуми. Основното расклопување на „UZI“ се врши брзо и едноставно.Главни делови се: цевката, утврдувач на цевката, поклопецот (на кој е поставена рачката за репетирање), сандакот на кој се поставени предниот и задниот механички нишан, пиштолски ра-кофат со механизмот на чкрапалото којшто се одвојува, затворачот, водиштето со повратната пружина, кундакот и рамката за муниција. Постои можноста за прифаќање и на дополнителна опрема, како на при-мер: бајонет, придушувач, тактичко светло, ласерски нишан, оптички нишан, нишан „red dot“ и др.Автоматот „UZI“ послужил да се развијат верзиите: „Mini-UZI“, „Micro-UZI“ и „UZI-Pro“ наменети за армиите и безбедносните служ-би. За цивилниот пазар се верзиите: „UZI carabine“, „Mini-UZI carabin“ и „UZI pistol“, кои поседуваат само полуавтоматска стрел-ба. Развиени се и подверзии за користење на муниција: 9х19 mm Parabellum, .22 LR, .41 AE и .45 ACP.

Ивица Дамески

1. Утврдувач на цевката2. Осигурувач на утврдувачот на цевката3. Штитник од предниот механички нишан4. Цевка со калибар од 9 mm5. Пружина од склопот на рачката за репетирање6. Рачка за репетирање7. Поклопец на сандакот 8. Затворач9. Ударна игла од затворачот10. Водиште со повратна пружина11. Исфрлувач на чаурите12. Штитник од задниот механички нишан13. Копче за склопување на кундакот14. Позиција за закачување на ремник15. Кундак16. Сандак

2

3

56

7

8 9

1011

Вооружување

1718

19

20

21

23

22

1

24

25

262728

Page 23: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

23

Автомат „UZI“

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „UZI“

КАЛИБАР НА ЦЕВКАТА И МУНИЦИЈА 9 mm; 9х19 mm Parabellum

ДОЛЖИНА СО ИЗВЛЕЧЕН КУНДАК 650 mm

ДОЛЖИНА СО СКЛОПЕН КУНДАК 470 mm

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 260 mm

ДОЛЖИНА НА НИШАНСКА ЛИНИЈА 309 mm

ТЕЖИНА, ПРАЗЕН, СО МЕТАЛЕН КУНДАК 3.5 kg (3.6 kg со дрвен кундак)

КАПАЦИТЕТИ НА РАМКИТЕ ЗА МУНИЦИЈА 20 , 25 и 32 куршуми

ТЕЖИНА НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА ОД 20 КУРШУМИ 160 gr празна, 410 gr полна

ТЕЖИНА НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА ОД 25 КУРШУМИ 200 gr празна, 490 gr полна

ТЕЖИНА НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА ОД 32 КУРШУМИ 220 gr празна, 600 gr полна

БРЗИНА НА ПРОЕКТИЛОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЦЕВКАТА 420 m/s

ТЕОРЕТСКА БРЗИНА НА СТРЕЛБА 600 куршуми во минута

ПРАКТИЧНА БРЗИНА НА СТРЕЛБА до 120 куршуми во минута

12

13 14

15

16

17. Потиснувач на куршумот во рамката за муниција18. Пружина на рамката за муниција19. Копче на автоматската кочница за заштита од предвремено испукување20. Пиштолски ракофат21. Рамка за муниција22. Копче за утврдување/ ослободување на рамката за муниција23. Пружина од запнувачот на чкрапалото24. Чкрапало25. Штитник на чкрапалото26. Дел од механизмот на чкрапалото т.е. селекторот за стрелба27. Алка за закачување на ремник28. Преден ракофат

13

14

15

Page 24: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Во кругот на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, на 4 ноември беа последните подготовки за свеченоста по

повод давањето на свечената заклетва на уште една, овојпат јубилејна 30-та генерација на граѓани кои доброволно станаа млади војници на отслужување на воениот рок во АРМ. Во оваа генерација се 103 млади војници, меѓу кои и девет девојки кои доброволно се приклучија на отслужување на воениот рок во АРМ.Младите војници, заедно со своите старешини ја прегледуваа војничката униформа и пушките, а истовремено внимателно ги слушаа и последните инструкции. Од друга страна, вработените во велешката касарна при Командата за обука и доктрини КОД ги направија последните подготовки на свечената бина и го проверуваат озвучувањето. На јарболот, ветрот што задува високо го развиорува знамето на Република Македонија. Сè е свечено и некако се чувствува возвишеноста на чинот што им претстои за младите војници. До построените млади војници се построија и музичарите-членови на Воениот

оркестар на АРМ, кои со своите, главно дувачки и блех-музички инструменти, ги прават последните подготовки за нивниот настап со свечена воена музика и маршеви. Нивното присуство и овојпат, како и многупати на вакви и слични свечености, ќе го разубави овој свечен и многу значаен чин во животот на младите војници.Се отвораат влезните порти на касарната и од едната порта влегуваат

роднините и пријателите на младите војници, а од другиот службен влез сите поканети гости на свеченоста: новинарите и високи старешини на

ГШ на АРМ и на Министерството за одбрана и други гости од јавните и други институции од Велес.Првично се чини дека сè е исто како и во изминатите 29 генерации кои беа обучени од врвните старешини на АРМ од ЦИО, кој е во склоп на КОД во велешката касарна. Но, сепак, сè не е исто. Ова е најновата генерација на млади војници на АРМ од генерацијата 2016/2017, тоа се некои други нови

млади момчиња и девојки дојдени од сите градови во земјава во велешката касарна за доброволно да служат воен рок, а потоа да се вработат и да станат дел од АРМ.Традиционално, свеченоста започна со настап на Воениот оркестар и со воениот марш на знаменосниот почесен вод на КОД, чии членови-припадници на АРМ, во ист чекор, по традиција, со воени чекорници пред присутните, гордо и достоинствено го носеше знамено на Република Македонија. Потоа, според протоколот, на свечената говорница пристапи командантот на ЦИО, потполковник

Газменд Абдиу. Тој, обраќајќи им се на младите војници, ги повика да пристапат кон давање на свечената заклетва. Наеднаш тишината ја прекинува

24 часа

Свечена заклетва

24

Page 25: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

25

громогласноста на младите војници, кои сите заедно, во исто време како и нивните претходници ја даваат свечената заклетва пред своите родители, роднини пријатели, старешини и високи функционери на АРМ и бројни гости.Младите војници и од оваа 30-та генерација, свечено и гордо се заколнаа дека ќе бидат лојални и доследно ќе ги извршуваат обврските и должностите како бранители на слободата и независноста на својата татковина.Нивниот командант, потполковник Газменд Абдиу, меѓу другото, во својот говор рече: „Млади војници, во вас АРМ гледа како на идни професионални војници и старешини, па затоа целокупниот ваш труд, успех и ангажирање ќе бидат вреднувани. Тоа ќе биде еден од елементите за понатамошна селекција за оние кои сакаат да ја изберат својата идна професија како професионални војници и старешини во редовите на АРМ. Со вашата определба вие ќе градите цврсти меѓучовечки и меѓунационални односи,

затоа што АРМ е заедничка вооружена сила на сите граѓани и во неа нема место за национална, партиска или верска поделеност“.Потоа војниците пристапија кон свечените маси, секој посебно да го потпише и потоа да го прими документот за свечена заклетва во АРМ. Најпрво им честитаа нивните старешини,како и присутниот генерал-мајор Мухамед Рацај, заменик-началник на ГШ на АРМ. Тој, претходно во своето обраќање до нив од свечената говорница потенцираше: Да се биде војник е посебна чест, а со денешниот чин на давање заклетва вие се обврзавте дека ќе ги браните највисоките уставни и човекови вредности. Со овој чин вие се приклучивте кон генерациите обучени и оспособени за одбрана на нашата татковина, Република Македонија. Ви посакувам успешни војнички денови и постигнување на високи резултати во обуката.На крај на свеченоста, младите војници кои беа пресреќни, се најдоа во прегратките на своите родители,

роднини и пријатели. По традиција се почестија со бонбониери за среќа и успех и се правеа заеднички фотографии за спомен, а девојките-војници примија и букети со цвеќе Потоа младите војници под команда на своите старешини повторно се построија и го испратија знаменосниот почесен вод за крај на свечесноста.Нивните родители, роднини и пријатели потоа излегоа пред портите на касарната за да ги дочекаат нивните најмили, нивната гордост, и по традиција, по свечениот чин, да заминат дома на награден викенд. На нивните лица можеше да се види радост и гордост што имаа свој син или пријател, момче или девојка кои се дел од редовите на АРМ и кои се вистински пример за останатите млади од земјава дека треба доброволно и самоиницијативно да се служи во редовите на АРМ и воедно на својата татковина, Република Македонија.

Антоанела Димитриевска

Младите војници и од оваа 30-та генерација,

свечено и гордо се заколнаа дека ќе бидат

лојални и доследно ќе ги извршуваат

обврските и должностите како бранители на слободата и независноста

на својата татковина

Page 26: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

26

Првото формално користење на Молотовите коктели од страна на организирана војска се случило за време на

Шпанската граѓанска војна во септември 1936 година, во битката за Толедо. Ефикасноста на „шишето-бомба“ била толку драматична, што тоа можеби бил и одлучувачки фактор за одбивање на сите лојалистичките контранапади. Ова бил прв и последен пат во текот на шпанскиот конфликт во кој Молотовите коктели биле користени со толкава успешност. Непосредно после битката за Толедо, Франко започнал со распоредување на своите оклопни формации, а двете страни спротивставувале тенк против тенк секогаш кога тоа било возможно.Како запалива направа, Молотовиот коктел е значително мала експлозија, но неговата експлозија не е таа која го уништува тенкот. Тоа што навистина го прави Молотовиот коктел да биде толку ефикасен е тоа да биде прецизно фрлен врз „Ахиловата петица“ на тенкот – неговиот резервоар за гориво. Најсовремените борбени тенкови работат на дизел-гориво кое е премногу вискозно и има премногу висока точка

на лесно запалување, но тенковите од времето на Втората светска војна ги движеле бензински мотори. И, бидејќи било пожелно екипажите да можат да ги наполнат со гориво нивните тенкови што е можно побрзо, многу возила биле дизајнирани со резервоари за гориво високо на шасијата и лесно достапни, сместени зад страничните панели или под

решетката на самиот мотор.Кон крајот на 1930-тите години, финската војска станала свесна дека пешадијата има потреба од некој вид сопствено противтенковско оружје и планирала противтенковски пушки за оваа употреба, но бидејќи нивното воведување било одложено, почнало да се смета и на други алтернативи. Некои Финци веќе имале искуство со бензински бомби во 1932 година, но за капетанот Куитинен, со неговиот скромен и неофицијален тим за развој, може да се каже дека навистина е заслужен за развојот на финскиот Молотов коктел. Куитинен и неговиот тим работеле без наредби за вршење на таква работа и целата работа се чини дека започнала како негова сопствена идеја. Во текот на пролетта 1937 година, започнал да развива нова верзија врз основа на бензинските бомби кои се користеле во Шпанската граѓанска војна. Првата верзија била едноставно шише наполнето со бензин и парче памучна крпа врзана за него, но тоа не се покажало идеално. Главните проблеми биле што течноста (само бензин) не се лепела за целта и се разлевала премногу лесно. Потоа палењето на памучната

Вооружување

Молотов коктел - тајното финско оружје

Молотовиот коктел е едноставно запаливо оружје

кое се состои од стаклено шише наполнето со запалива

течност, обично бензин (петролеј) или со алкохол

(главно метанол или етанол). Устата на шишето е затворено

со плута или друг вид на херметички затворач (гума, стакло или пластика) и крпа фиксирана безбедно околу

устата на шишето

Page 27: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

27

крпа од страна на лицето кое го фрлало шишето го правела премногу видливо и затоа било многу лесно да се открие. Додавањето на боров катран се покажало како добро решение бидејќи не само што направило мешавината да се залепи за целта, туку исто така, создала и повеќе чад. Дополнителен бонус било тоа што огнот траел подолго и развивал повисока температура. Исто така, биле развиени два начина за палење на течноста. Едниот, таканаречен „кибрит отпорен на ветар“, всушност бил кибрит од фабриката за кибрити во градот Лахти, која произвела 12 см долги чкорчиња наречени „бура“ (исто така познати и како „бенгалски кибрит“ во некои земји), кои еднаш запалени гореле околу 60 секунди. Две такви „бура“ чкорчиња едноставно биле залепени на спротивните страни на шишето со лента за изолација и кога ќе биле запалени, војникот со Молотов коктел имал околу 60 секунди пред да го фрли шишето. Куитинен и неговиот тим за развој се чини дека успеале да го завршат развојот на основната верзија на Молотовиот коктел опремен со „бура“ чкорчиња до пролетта 1939 година. Подоцна за време на Зимската војна, оваа верзија на Молотовиот коктел станала една од најчесто користените од страна на финската војска – околу 80% од Молотовите коктели произведени за време на Зимската војна користеле ваков метод на палење. Употребата на оваа верзија веројатно завршила со крајот на Зимската војна. Вториот начин на палење бил што долга, лесно кршлива стаклена ампула наполнета со самозапалувачки материјал

(сулфурна киселина или бел фосфор во јаглерод дисулфид) се ставала во внатрешноста на шишето. Како шишето ќе се скршело, лесно кршливата стаклена ампула исто така се кршела и нејзината содржина ја палела течноста. Овој метод на палење бил дизајниран од страна на финското Министерството за одбрана. Исто така, можно е дека овој метод за палење бил дело на А. И. Витанен (познат фински хемичар и добитник на Нобелова награда во 1945 година), кој за тоа добил идеја од запалките кои се користеле во руските морски мини. Молотовиот коктел опремен со овој начин на палење бил

познат како „А-Pullo“ („А-шише“). Околу 20% од Молотовите коктели произведени за време на Зимската војна го имале овој метод на палење и тој станал стандарден метод за палење на финските Молотови коктели произведени по Зимската војна. Воените извештаи укажуваат на тоа дека имало проблеми со шишињата заради вметнување на ампулата и за палење на течноста за време на студено време.Една финска фабрика за стакло исто така имала своја улога во тимот за развој на финскиот Молотов коктел. Таа доставувала повеќе видови шишиња за тестови, а биле тестирани и шишињата

Сè до масовното вградување на дизел-моторите во главните борбени тенкови, скромниот и

едноставен Молотов коктел бил противтенковски

проектил на сиромашните војски. Во текот на изминатите 80 години, Молотовиот коктел

значително влијаел врз урбаното в

ојување. Тој бил евтин и брз за правење, релативно л

есен за носење и лесен за употреба. Тој бил единствено

масовно оружје што им овозможувал на слабо

вооружените бунтовници или на партизаните да ја бранат

својата земја против напаѓачот со оклопни возила

Page 28: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

28

направени специјално за таа цел. Но, нормалните стаклени шишиња кои се користеле за силни алкохолни пијалоци се покажале како најдобри и станале стандардни шишиња на Молотовите коктели. Шишињата биле стаклени со височина од 26,5 см и дијаметар од 6,8 см. На почетокот се користел алуминиумски затворач, кој подоцна бил заменет со затворач од бакелит. Иако ова оружје се споменува во некои фински

воени прирачници, сепак многумина фински војници не биле запознаени со „polttopullo» (буквално преведено: „запаливо шише»), сè до почетокот на Зимската војна. Пред војната, финската војска планирала Молотовите коктели да се произведуваат рачно од страна на неколку мали фабрики. Неколку недели пред почетокот на Зимската војна, финската војска започнала подготовки за производство на Молотови коктели со купување на големи количини стаклени шишиња за оваа намена. Финската војската обезбедила пет фабрики за шишиња за нивно производство. Тоа биле мали фабрики каде што работеле по околу 40 жени. Но, кога војната почнала, потребата за Молотови коктели била огромна за овие мали фабрики да можат да стигнат да ги произведуваат. Купувањето на големи количини на празни шишиња за алкохол од фабриката „Алко“, довело до плодна соработка меѓу финската армија и „Алко“, која имала неколку производни линии со ефективни машини за полнење на шишиња. Овие машини биле во можност да полнат

десетици илјади Молотови коктели на ден. Финскиот министер за одбрана, директно нарачал од „Алко“ 40.000 шишиња со Молотов коктел. Оваа порачка била реализирана за неколку дена, а првите испораки на фронтот биле пристигнати во првиот дел на декември 1939 година. Финската војска можеби имала недостаток од добро противтенковско оружје, но благодарение на постројките за полнење шишиња на „Алко“, имале доволно

Молотови коктели на располагање за водење на противоклопна борба. Во текот на Зимската војна, фабриката „Алко“ наполнила 542.194 шишиња со Молотов коктел. И други помали фабрики произведувале Молотови коктели, но дури и нивното заедничко производство било многу мало во споредба со големите постројки за полнење шишиња на „Алко“. За време на производството, Молотовиот коктел и понатаму бил развиван и тестиран. Молотовиот коктел е заслужен за уништување на околу 350 советски тенкови и други возила.Според предвоените упатства на финската армија, префериран метод за користење на Молотовиот коктел бил фрлање на предниот оклоп на тенкот и заслепување на тенкот со чадот од горењето на Молотовиот коктел. Но, финските војници наскоро сфатиле дека капакот на моторот на тенкот е многу подобра цел.Тенковите кои Советите најчесто ги користеле во зимската војна имале бензински мотори. Течноста од Молотовиот коктел фрлен врз задниот дел од тенкот се истурала и низ отворите за вентилација паѓала врз топлиот мотор, дури и ако не била запалена, таа од врелиот мотор веднаш се палела. Кога тоа се случувало екипажот на тенкот бил принуден на несреќен избор: или да изгорат во тенкот или да бидат убиени од финската пешадија која чекала на нив за да се појават надвор од тенкот. Молотовиот коктел веднаш се покажал како ефикасно оружје во финските раце против советските тенкови по воведувањето во употреба во почетокот на декември 1939 година. Тоа не било

Вјачислав Молотов, министерот за надворешни работи на Сталин, тврдел за време на интервјуата на Радио Москва, дека

советските авиони на небото над Финска исфрлаат

хуманитарна помош, а не бомби, и дека Црвената армија

се обидува да го ослободи финскиот народ. Одговорот на финските војници на овие лаги бил еден вид циничен

црн хумор: Советските бомби ги нарекувале „Молотови

пикник кошници», а соодветен начин тие и големиот број на „ослободувачки» тенкови да се поздрават бил со по еден

„Молотов коктел“

Page 29: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

29

супероружје и не го променило текот на војната, но барем финската пешадија имала нешто за да се бори против непријателските тенкови во недостаток на други противтенковски оружја. Користењето на оружје, како Молотовите коктели против тенковите било и тешко и опасно. Приоѓањето на растојание за фрлање врз непријателските тенкови барало финската пешадија да се приближи до непријателските тенкови што повеќе. Колку што теренот нудел повеќе можности за тоа, толку полесно било ова оружје полесно да се користи. Отворениот терен и дневната светлина биле неповолни услови за негово користење. Советите, исто така, научиле некои лекции и направиле измени во нивната тактика: ако нивните тенкови успевале да се пробијат зад финските ровови во текот на денот, тие брзо научиле да се вратат на своите линии пред да падне ноќта. Нивните тенкови, исто така, почнале да се покриваат едни со други и се обидувале да избегнат да одат премногу блиску до финските ровови или до теренот кој нудел многу добри места за криење на финската пешадија. Подоцна Советите дури и се обиделе да ги намалат шансите Молотовите коктели да не се кршат со додавање на гранки или на жичени мрежи врз нивните тенкови. Во оваа мала трка во вооружување, финските војници одговориле со додавање на два или три камења поврзани со жици за Молотовиот коктел, за да бидат сигурни дека секогаш ќе се скршат по ударот, а додавале и бодликава жица околу шишето за да бидат сигурни дека ќе се држи во мрежата.Во текот на војната Молотовиот коктел останал како дел од финското противтенковско оружје, но новите советски тенкови сè помалку биле подложни на Молотовите коктели. Средните тенкови „Т-28“ се покажале како тешки за уништување со Молотови коктели. Новите советски тенкови од КВ-серијата и „Т-34“, опремени со дизел-мотори се покажале многу тешки за уништување со ова оружје, така што во практична употреба се појавиле првите комбинирани експлозивни полнења и гроздови од рачни бомби, а подоцна во 1944 година, рачната фрлачка „Панцерфауст“ ја презема нивната улога и полека но сигурно го заменува Молотовиот коктел како противтенковско оружје.Информациите од успешното финско користење на Молотовите коктели биле нашироко објавувани од страна на меѓународниот печат за време на Зимската војна, па веројатно поради тоа некои земји, исто така, ги додале Молотовите коктели кон нивните противтенковски оружја. Молотовите коктели биле развивани или се користеле и од страна на некои други земји за време на Втората светска војна. Во Велика Британија во 1940 година се развивале со

намена, пред сè, за националната гарда и се користело четвртесто шише виски и крпа врзана околу вратот на шишето како метод на палење. Во Германија се користело стаклено шише високо 25 см и 7 см широко полно со микс од гориво за пламенофрлачка (една третина) и бензин (две третини), кое индустриски масовно се произведувало. Исто така, се користела и запалива рачна граната 48/57 која, всушност, била стаклен сад исполнет со половина литар мешавина направена од бензон и бензин, а која исто така масовно била произведувана. Во Советскиот Сојуз, Советите официјално го претставиле Молотовиот коктел во ноември 1941 година. Тие користеле мноштво на стаклени шишиња (0,5 - 0,75 литарски шишиња за вода или пиво) со голема разновидност на методи на палење, но најчестите верзии биле полни со самозапалувачка течност.Сепак, еден од најзначајните моменти на Молотовиот коктел во неговата понова историја бил во октомври 1956 година, кога народот на Унгарија се кренал против советската окупација. Молотовиот коктел им овозможил на кратко да остварат контрола врз центарот на Будимпешта. Најмоќните слики од тој бунт биле фотографиите на борци за слобода, кои фрлаат молотови коктели на големите 32 тонски сталинови тенкови. За време на унгарското востание кое било задушено од страна на Црвената армија, уличните борци на Будимпешта уништиле околу 400 советски тенкови, три четвртини од таа бројка со Молотови коктели или слични варијанти на импровизирани експлозивни направи. Во повеќето проблематични региони во светот, Молотовиот коктел и денес останува дел од бунтовнички арсенал. Молотовите коктели лесно можат да се направат и се стандардно оружје на герилците и насилните демонстранти. Но, и покрај едноставноста, за аматерите не е лесно да се направи ефикасен

Молотов коктел. Главниот проблем е во преполнување на шишето. Полното шише нема брзо да се запали кога ќе се скрши по ударот (но има повеќе потенцијал за горење). За Молотовиот коктел да експлодира брзо по ударот, шишето треба да биде полно само од една половина до две третини од смесата. Иако Молотовиот коктел има и други недостатоци и неговата денешна ефикасност против современите тенкови е значително мала, тој ја задржува својата моќ како симбол на непокорот.

Александар Стојчевски

Page 30: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското
Page 31: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското
Page 32: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

32

„Ден на дрвото“

24 часа

Page 33: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

33

На 30 ноември, кај месноста Топлик, Гевгелија, министе-рот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и гра-

доначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, засадија дрва по повод акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.Според организаторите на акцијата, вак-вото, наменско и планирано засадување има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите. Идејата е тие сами да се грижат за дрвцата кои ќе ги засадат. Поттикнувањето на еко-свеста е значајна за обвновување на кругот на биодивер-зитетот како важен услов за хармонија и синергија меѓу луѓето, животните и растенијата на нашата единствено населе-на планета – Земјата.Во однос на оваа 17-та по ред акција за засадување, министерот Јолевски рече дека засадувањето дрва претставува иднина за Република Македонија. „Шумите се богатство за една држава и народ, тие влијаат на климата, на земјоделството. Но, многу е важно што со една ваква пре-красна акција за која сум сигурен дека ќе продолжи и во иднина, ние создаваме нови

навики за младите лица и нивниот однос кон шумите“, рече министерот.Во текот на денот, на 60 локации низ Република Македонија беа засадени над 2,5 милиони садници. Во засадувањето, како и секоја година, активно се вклучуваат и припадници на Армијата на Република Македонија. Во досегашните акции се пошумени околу 13.000 хектари со над 35 милиони садници.Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, воедно ги обиколи позициите на Армијата на Република Македонија на јужната гра-ница во делот на Гевгелија, а ги посети и сместувачките капацитети на Армијата во Богданци каде што имаше организирано и ручек со припадниците на АРМ.Јолевски разговараше со војниците за состојбата на границата која моментално е стабилна и мирна.

„Денеска сум во посета на припадниците на Армијата кои ја поддржуваат полицијата во обезбедувањето на границата. Ние, како Министерство и Влада, го следиме развојот на состојбата со мигрантската кри-за, сето она што се случува во Европа, но и во Грција и во Турција, со цел соодветно да реагираме доколку се зголеми прили-вот на мигранти“, истакна министерот на караулата кај Гевгелија, локација која беше една од клучните во справувањето со ми-грантската криза. Министерот посочи дека во континуитет се реализираат средби со министри за одбрана, како и со претстав-ници на Високиот комесаријат за бегалци, така што состојбата будно се следи. Имаме разработено стратегија и разни опции, во зависност од тоа колку мигранти доаѓаат и за да може соодветно да се дејствува, така што можам да кажам дека Република Македонија во овој момент е сигурна“ – изјави министерот Јолевски. Одговарајќи на новинарско прашање околу идните планови во однос на зголемувањето на стандардот на припадни-ците на АРМ, министерот Јолевски посочи дека тоа е континуирана цел на Министер-ството. „Токму за припадниците на АРМ на јужната граница изнајмивме капацитет во Богданци, кој и целосно го реновиравме. Воедно, продолжуваме со зголемување на стандардот на припадниците на АРМ со проектите како „АРМ – мој вистински дом“, дневниците за ангажманот на границата редовно се исплаќаат, инвестираме во нивното образование и обука, така што тие се стекнуваат со вештини и знаења кои ќе ги користат во иднина“, додаде министерот Јолевски.Ваквите акции за пошумување игра-ат значајна улога за намалување на загадувањето во градските средини и влијаат на подобрување на квалитетот на воздухот.

Кристина Илиевска

„Ден на дрвото“ е акција чиј идеен творец, долгогодишен

претседател и актуелен почесен претседател е маестро

Борис Трајанов. Тој, во 2008 година со група ентузијасти

започна акција за засадување на нова еко-иднина и поттикна

формирање на Граѓанско здружение „Ден на дрвото –

засади ја својата иднина!“, кое успеа, граѓаните на Македонија да ги поведе во нови успешни

акции

Page 34: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

34

Програмата за развој на овој ра-кетен систем беше долготрајна, со големи побарувања за редизајн, како на ракетите

така и на платформите за лансирање. Тестирањето на дострелот и способ-ностите на ракетниот систем „OСA“ за потребите на копнените сили беше спроведено на полигон за тестирање во Казахстан во 1965 година. На оваа тестирање се забележани, а потоа и от-странети многу грешки на оригиналниот систем. Модифицираниот систем е имену-ван како „ОСА-М“, во кој повеќето од одделните системи имаа потреба за редизајнирање. Исто така, и голем број компании кои учествуваа во про-изводство на системот беа сменети.

Сериското производство на ракетниот систем „OСA-М“ започна во 1971 година, а руската армија го прифати системот во оперативна употреба во 1972 година. Си-стемот „OСA“ е наменет за активна про-тиввоздушна одбрана на единици во тек на марш и во борба, како и на стратешки објекти на територија од непријателски нападни средства од воздух (летала со екипаж и безпилотни летала), кои летаат на мали до средни височини. Сите варијанти на системот „OСA“ се составени од лансирна рампа, поста-вена на возило-транспортер со ознака „9A33“ и возило на кое е монтиран радар „TELAR“, кој може да ги открие, да следи и да овозможи наведување на ракетата (самостојно или со помош на радари на хиерархиски повисоката единица).

Руски ракетен систем „земја-воздух“ OСA

Ракетниот систем 9K33 „OСA“ е производ

на руската воена индустрија, а во НАТО е

познат под кодот „SA-8 Gecko“. Тој

претставува тактички, високомобилен ракетен

систем со краток дострел, наменет

за гаѓање на воздушни цели на мали

височини

Вооружување

Page 35: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

35

Варијанти:– „SA-8 Gecko“ или „9K33 ОСА“ почна со

развој во 1960 година и беше вове-ден во служба во текот на 1971/1972 година. Има по четири ракети „9M33“ на секое возило „TELAR“ и максимален дострел од 12 км.

– „SA-N-4 Gecko“ или „9K33M ОСА-М“ беше воведен во служба во 1972 година и претставува поморска верзија на системот, со две ракети „9M33M“ поставени на ротирачка платформа „Zif-122“ и подобрени перформанси. Тој е инсталиран на класа на бродови „Kara“, вооружена со водени проекти-ли, класа на бродови „Kiev VTOL“ и, исто така, на класите бродови „Kirov“, „Slava“ и „Krivak“.

– „SA-8B Gecko Mod-0“ или „9K33M2 ОСА-АК“ беше воведен во служба во 1975 година. Кај него за прв пат се ко-ристи новиот лансер за шест ракети.

– „SA-8B Gecko Mod-1“ или „9K33M3 ОСА-AKM“ беше воведен во служба во 1980 година. Оваа варијанта има максимален дострел до 15 километри и максимална височина на лет на ракета до 12 километри. Повеќето системи од варијантата „OСA-AKM“ имаат вгра-дено антена за идентификација на целите на „свој-туѓ“.

Вооружување и радарРакетниот систем „ОСА“ е вооружен со шест ракети „подготвени за лансирање“, монтирани на горниот дел од возилото. Ракетите се наведуваат со помош на радиокомандуван систем. На лансирната рампа може да се постават најмалку две наведувани ракети. Зона на уништување на ракетата е од 2 до 9 км во далечина и од 50 до 5000 метри во височина. Ракета-та „ОСА-А“ или „9M33M2“ има зголемена зона на уништување во далечина од 1,5 до 10 км, а во височина останува непро-менета, односно од 25 до 5000 метри. Кај ракетата „9M33M3“ во голема мера е зголемена висина на гаѓање, и тоа од 10 до 12000 метри, и исто така, кај оваа ракета е зголемен и дострелот на околу 15 км. Но, и покрај тоа, системот не беше во можност да гаѓа цели на поголеми далечини поради ограничувањата на радарот. Главниот радар за контрола на оган се состои од елипсовидна ротирачка антена монтирана на кровот на возило-то. Тој работи во фреквентен опсег од 6 до 8 GHz (H band) и има досег до 30 км (за повеќето цели). Под оваа антена е монтирана пулсна антена која работи во фреквентен опсег од 14,5 GHz (J band), со максимален досег за следење од околу 20 км. На двете страни на радар-ската антена се монтирани мали пара-

болични антени за следење на ракетите (J band). Под нив се наоѓа мала кружна антена која емитува сигнал (I band) по лансирање на ракетата. Последните антени во низата се две мали право-аголни антени, по една на двете страни, кои работат во „I band“, а се користат за наведување на ракетите.

ЗаштитаВо предниот дел на возилото има зашти-тен простор, кој обезбедува сместување за двајца, за возачот и за командирот на возилото. Пристап до овој простор се обезбедува преку отворот на кровот од возилото. Тоа е единствениот влез/излез на возилото.

ПогонРакетниот систем „OСA“ е поставен на возило на шест тркала од типот „BAZ-5937“. Ова возило е дизајнирано врз ос-нова на бројните претходници на терен-ски возила на шест тркала, произведени од страна на компанијата „Likhachev Automobile“ од Москва. Системот „OСA“ е моторизиран со дизел-мотор со ознака „5D20 B-300“, кој развива моќност до 300 КС при 2000 врт/мин. Притоа, едната тур-бина се користи како помошен мотор. Со полн резервоар може да помине околу 500 км.

ДодатоциВозилото за ракетниот систем „OСA“ е целосно амфибиско. Во вода тоа се дви-жи од страна на два мотори сместени во задниот дел од трупот. Пред да се кори-сти како амфибиско возило, потребно е кратко време за подготовка на возилото и посадата. Возилото е опремено со уреди за филтрација на воздухот и систем за НХБ заштита, како и инфрацрвени уреди за командирот и возачот. Системот „OСA“ може да се пренесува и по воздушен пат, а за таа намена се користат транспортни авиони од типот „Ил-76“.

Борбена употребаСекоја ракетна батерија има чети-ри возила со лансери и две возила за дополнување со ракети со ознака „9T217BM2 TZM“, при што секое возило може да носи 12 дополнителни ракети. На ниво на полк, постои чета за транс-порт на ракети која има на располагање 24 товарни камиони „ЗИЛ-131“ со погон 6 × 6. Единицата задолжена за одржување и поправка на системот користи мобилна станица за проверка со ознака „9V242-1“, станица за приспособување со ознака „9V914“, возило за одржување, со ознака „9V210M3“ и електронски тренажер за обука на екипажот со ознака „9F632M“.

Трајче Денчевски

Page 36: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Со одлука на претседателот и врховен командант на во-оружените сили на Република Македонија, Инженерискиот

баталјон е носител на традициите на Инженериската бригада на Генералшта-бот на НОВ и ПОМ, формирана пред 72 години на 13.11.1944 година. Неговите дела денес ги продолжува Инженери-скиот баталјон, кој е дел од новата, мо-дерна и ефикасна Армија на Република Македонија. Составен е од прекалени војници и старешини, кои се професи-онални, дисциплинирани и пожртвува-ни. Нивна одлика е високиот степен на знаење и оспособеност. Единицата е динамична и во неа секојдневно се реа-лизираат голем број инженериски задачи кои се од големо значење за Армијата на Република Македонија, за нашата држава, за нашите граѓани. Инженери-скиот баталјон соработува и учествува во разни проекти и активности за потребите на Владата на Република Македонија, владините институции, општините и ло-калната самоуправа, јавните и приватните претпријатија и други институции. Од големо значење е придонесот кој го даде АРМ и Инженерискиот баталјон како дел од неа, во справувањето со последи-ците од поплавите кои го зафатија Скоп-скиот регион. Инженерците меѓу првите дојдоа да му помогнат на настраданото население. Впрочем, и дел од мисијата на Инженерискиот баталјон е поддршка на цивилните власти при отстранување на

последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи. Инженерискиот баталјон помагаше и во општина Тетово. Кога опасноста надвисна над селото Шипковица, заканувајќи се по животите на жителите на селото и по нив-ните материјални добра, инженериските минери извршија подготовка за уривање на четири поединечни карпи. Извршувајќи ги своите задачи, инженерците постојано се присутни меѓу населението. Затоа слободно може да се каже дека Инже-нерискиот баталјон е мостот кој ги повр-зува Армијата и граѓаните на Република Македонија. Во добро и зло, тој е секогаш тука кога ќе затреба. Нивната работа е благородна и остава зад себе трајни вред-ности. Низ годините, извршувајќи ги сво-ите задачи низ речиси целата територија

36

24 часа

Инженерискиот баталјон на АРМ

Инженерискиот баталјон оваа година е одликуван со Орден за воени заслуги за исклучителен придонес и

поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на

Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната

безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската

криза како глобален безбедносен предизвик. Орденот од

претседателот на Република Македонија и врховен командант

на вооружените сили, Ѓорге Иванов, со гордост се чува во

единицата

Page 37: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Денот беше сончев. Се вееше зна-мето на единицата, ешалоните построени под конец. На свече-носта присуствуваа началникот

на ГШ на АРМ, генерал-пополковник Методија Величковски и други значајни гости од ГШ на АРМ, од Здружената оперативна команда, 1.механизирана пешадиска бригада, команданти на еди-ници на АРМ, поранешни команданти и вработени во Инженерискиот баталјон, претставници од цивилни организации со кои баталјонот соработува и други гости. Пред присутните со пригоден говор се обратија командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Зоран Милевски и командантот на Инже-нерискиот баталјон, потполковник Васил Митевски. По сето она што го слушнавме знаеме дека не случајно ги одликуваше и претседателот на Република Македонија.Свеченоста на пистата заврши со

одржување на тактичко - технички збор на кој беше презентиран дел од вооружувањето и опремата со кои рас-полага единицата, а потоа продолжи во затворениот објект до летната куќичка во касарната „Илинден“. И затоа за крај уште еднаш ќе истакнеме дека припадниците на Инженерискиот баталјон со гордост ги продолжуваат де-лата на своите славни предци од Инжене-риската бригада на ГШ на НОВ и ПОМ. За тоа говорат сите постигнати резултати и токму затоа Инженерискиот баталјон оваа година заслужено беше одликуван со „Орден за воени заслуги“ за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани.

Митко Василевски

37

Инженерскиот баталјон е единица која секогаш заслужува да се пишува за неа, зашто секогаш има нови достигнувања. Овој пат пишуваме за нив по повод прославата на Денот на инженеријата, 13 ноември. Тоа е единицата што технички,

повеќе од успешно го регулира апокалиптичниот мигрантски бран, долу на југот. Таму, на границата, нашите инженерци

демонстрираа фантастична брзина и ефикасност. Но, нивните трупи се насекаде. Онаму каде што армијата сака да преоѓа реки на „необележано“, таму каде што калта треба да

стане асфалтИнженерискиот баталјон на АРМ

Секоја наша единица е уникатна

на посебен начин

на Република Македонија, тие се емиса-ри на Армијата, секогаш присутни меѓу народот. Градат и поправаат за народот, а народот памети кога ќе се направи не-што добро за него и долго потоа вели: Ова го направи Армијата за нас. Инженерискиот баталјон е присутен заедно со другите единици на АРМ и на јужната граница на државата во содејство и асистенција на силите на МВР при справување со мигрантската криза. За пократок рок од предвидениот, Баталјонот изгради жичена ограда во должина од 35 км со цел канализирање и евидентирање на мигрантите, а воедно и за поголема безбедност на граѓаните на Република Македонија. Станчо Јовановски

Page 38: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Канадско оклопно борбено возило

38

Оклопното борбено возило „AFV Grizzly“ е едно од трите оклоп-ни возила за општа намена од фамилијата AVGP (Armored

Vehicle General Purpose), повторно на-рачани за производство во 1976 година од страна на канадската армија и произ-ведени врз основа на иста шасија. Тоа се оклопните возила „Cougar“ (за огнена поддршка), „Husky“ (оклопно возило за поддршка-извлекување) и „Grizzly“ (окло-пен транспортер). „Гризли“, според своите карактеристики и изглед е најблизок до швајцарското „MOWAG AFV Piranha I“, борбено возило 6х6. „Гризли“ влезе во служба во 1976 година, но постепено почнува да не се употребува до 2005 г. од страна на „LAV III“. Произведени се вкупно 265 парчиња од овој тип, а по-доцна дел од нив се продадени на други земји. Ниту една нумеричка ознака не беше дадена од страна на производи-телот AVGP, иако „Гризли“ се стекна со неколку официјални имиња, вклучувајќи ги „Armoured Personnel Carrier “ – APC,

„Wheeled Armoured Personnel Carrier“ (WAPC) и „Infantry Section Carrier“ – ISC, како и оригиналното име „Car, Armoured, Personnel Carrier“.Оклопното возило „Гризли“ беше наме-нето да се употреби како алтернатива на транспортерот „APC М113“ за регуларни-те пешадиски единици и резервните сили на канадската армија. Беше дизајниран за тричлена посада, возач, нишанџија и командир, како и способност за транспорт на одделение од 5-6 члена. Вградена му е купола од 1 метар „Cadillac-Gage“, во-оружена со „BMG Browning Machine Gun“- митралез 12,7 мм и впрегнат митралез 7,62 мм. Војниците може да излегуваат од задните врати на возилото, како и од отворот на кровот. Иако конфигурацијата во основа е иста како и на останатите две возила, со 6х6 шасија и накосени челични оплати заварени на телото на возилото, отворот за возачот напред е опремен со три уреди за набљудување, од кои едни-от може да се замени со уред за ноќно набљудување.

Максималната дебелина на оклопот на телото е 10 мм фронтално, која обезбеду-ва заштита од пешадиско вооружување и шрапнели од артилериски гранати и 6 мм странична оклопна заштита.За подвижност оклопното возило „Гризли“ добива „Detroit Diesel 6V53T“ дизел-мотор со 275 hp и максимална брзина на патиш-та од 101 km/h. Возилото е амфибиско и брзината за совладување на водени пречки е 10 km/h, благодарение на двата пропелера кои ги има, плус дополнително 600 км автономија на опсег.Теренските перформанси вклучуваат совладување на наклон од 60%, страни-чен наклон 30%, вертикални препреки од 0,8 м и ров со широчина од околу 80 см. Останатите спецификации на канадските возила AVGP се: – должина: 5,97 метри;– широчина: 2,53 метри;– висина: 2,53 метри– тежина 10,7 тони;– трансмисија: автоматска (5 брзини за

напред и 1 за назад);

Вооружување

„AFV Grizzly“

Page 39: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

– суспензија: хидраулични амортизери;– гуми „Michelin“ 27.9 cm x 40.6 cm;– електричен систем: 24 V;– акумулатори: 2х 12 V;– алтернатор: 24 V, 100 amps.

Седиштето на возачот е во левиот преден дел на трупот на возилото, кога пеша-диското одделение се наоѓа внатре во возилото нишанџијата седи веднаш по-зади возачот оперирајќи со радиоврските, местото на командирот е на куполата, при што оперира со неа. Меѓутоа, кога пешадијата излегува од возилото, коман-дирот им се приклучува, нишанџијата го зазема местото на куполата и притоа воз-илото може да дејствува како поддршка на пешадијата или пак да се повлече. „Cadillac-Gage“ 1-метарската купола е дизајнирана за оклопни возила, изразена после неговиот 1-метарски прстен на ку-полата, првично е опремена со митралез 7,62 мм и митралез 12,7 мм „Browning“. Единствената варијанта на канадска-та фирма AVGP за монтирање на оваа купола е возилото „Гризли“. Тоа беше најмалата можност за да се задржи до-волно внатрешен простор во возилото. Кога подоцна овие возила се ставени на располагање на Африканската унија мировни сили распоредени во Судан, тие мораа да побараат дозвола од Владата на САД за да ги испорачуваат со темат-ските куполи. Другото возило кое го упо-требуваа (во служба на Армијата на САД) беше „М1117 4х4“, оклопно безбедносно возило. Во служба поголемиот дел од нив сметаа дека водениот погон е отстранет. Продолжувањето на животот на проектот на тркала „LAV“ го видоа како конверзија на „Гризли“ ( и на Хаски) како варијанти за поддршка (командни возила, мобилни работилници). Овие варијанти вклучуваа:– командни места (80);– радио релејни (10);

– пристапни точки за комуникации (20);– едноставна ПВО (24);– трактори за артилериско вооружување

(18);– подвижни тимови за поправка (70).

Овој проект беше откажан во 2005 годи-на. Во 2007 година армијата на Канада му донираше на полицискиот оддел во Едмонтон едно возило „Гризли“ без вооружување. Во 2005 година канадската Влада објави дека вкупно 105 возила од AVGP (100 „Гризли“ и 5 „Хаски“) ќе ги позајми на африканските мировници во регионот Дарфур во Судан, како што е наведено погоре. Ова возило се покажа како возило со вистинска големина и способност за конфликти од ваков вид на интензитет. За одржување на возилата беа повикани ци-вилни контрактори. Бидејќи некои делови се произведуваа во САД или под нивна

лиценца, тие, исто така, ја одобрија упо-требата на возилата во Судан. Најпрвин требаше да бидат предадени без 1-ме-тарската купола „Cadillac-Gage“. Возилата стигнаа во Сенегал кон крајот на летото во 2005 година, додека малку подоцна на 18 ноември истата година пристигнаа и куполите. Позајмицата на возилата беше планирана најпрвин за една година, но потоа беше продолжена и предадена од мисијата AMIS на Африканската унија на мисијата UNAMID на Обединетите нации. Според „Amnesty International“, војниците кои ги користеле овие возила имале мал-ку време за обука, но се стекнале со мно-гу искуство. Едно од возилата е уништено со RPG, додека другото е оштетено при судир со друго тешко вооружено возило. Во 2009 година Уругвај купи 98 оклопни возила „Гризли“ и 5 возила „Хаски“, кои претходно учествуваа во мисијата AMIS/UNAMID во Дарфур, Судан. Покрај мисијата во Судан, овие возила, исто така, имаат учествувано во Кипар и на просторите на поранешна Југославија (во Хрватска и во Босна и Херцеговина).Во 1994 година поголем број од канадски-те набљудувачки места во Сараево биле заробени заедно со војниците и опремата: радиоврски, опрема за набљудување, вооружување и возила. Возилото „Гриз-ли“ подоцна беше очигледно управувано од страна на единица на полицијата во Србија, единицата за специјални опе-рации ЈСО, Јединица за специјалне операције, „Црвене беретке“.Во 2000 година некои возила „Гризли“ се претворени во трактори за артилериско вооружување за RCHA – Royal Canadian Horse Artillery, распоредени во поранешна Југославија.

Идриз Идризоски

39

Page 40: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

40

Курсот за процесот на планирање на вежби беше одлична можност за запознавање и обука на учес-ниците за дизајнот, развојот и

реализирањето на воените вежби (наци-онални, мултинационални и мултидимен-зионални), со вклучување на учесници од други владини и невладини организа-ции, како и јавни и приватни асоцијации. Ова е 16-ти курс во организација на канадското Министерство за одбрана според програмата која трае од 2012 го-дина. Ова е сериозна обука од аспект на планирање вежби, процес кој вообича-ено трае од 10-12 месеци, во зависност од бројот на учесниците, дали станува збор за национална, билатерална или мултилатерална вежба, условите во кои се изведува вежбата и слично. Земја-домаќин на курсот беше Црна Гора, односно главниот град Подгорица.

Тек на активностаАктивноста се одржа под покровител-ство на Канада односно „Canadian Department of National Defense, Associate

Deputy Minister Policy, Directorate of Military Training and Cooperation“. Покрај организаторот, беа присутни и шест земји-учеснички: Македонија (со прет-ставници од МО и ГШ на АРМ), Србија,

Босна и Херцеговина, Грузија, Украина и земјата-домаќин Црна Гора. Програмата за работа е нова, ажурирана во април 2016 година, врз основа на претходните курсеви и искуства под покровителство

Едукација

Page 41: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

41

и во организација на Канада. Целта е да се усовршат постапките, процедурите и доктрината на тактичко и оператив-но ниво. Програмата се реализираше во согласност со „NATO Collective and Exercise Directive BI-SC 075-003“, доку-мент од декември 2014 година (како по-следно издание) и програмите за обука од овој тип во Канада и во САД.Главна цел беше запознавање на учесниците на курсот со процесот на планирање вежби преку предавања и практични вежби и обучени при-падници во улога на идни планери на вежби во сите сегменти, воедно и предавачи на темите, од почетокот сè до реализацијата на вежбите. Секој студент се подготвуваше самостојно. Наставата се спроведуваше во бри-финг-сала, а практичната работа, односно вежбите се работеа по син-дикати. Предавањата беа на различни теми, како на пример: Describe the components of Exercise Planning Process, Exercise Design, Conduct of Concept Development Conference, EXSPEC,

Develop an Exercise Scenario, Initial Planning Conference, Main Planning Conference, Final Planning Conference, Exercise Control Tools, Develop Exercise and Training Objective, Conduct a real Life Support Working Group, Conduct a Site Survey, Post Exercise Report итн.Особено се обрати внимание на формите на вежбите, како на пример: Вежба на командно место (Command Post Exercise) односно обука на штабен персонал на сите три нивоа на командување и живи вежби (Live Exercise). Понатаму, посебен акцент се даде и на типот на вежбите: компјутерски асистирана вежба (CAX), вежба на карта (MAPEX), логистичка вежба (LOGEX), медицинска вежба (MEDEX) итн. Стана збор и за главниот

планирачки тим и за структурата на една вежба. Многу важни елементи се продук-тите кои произлегуваат од планирачките конференции и изработката и структу-рата на една спецификција на вежба, сè до изработка на планот за вежбата со листите на настани и инциденти. Како краен документ е потпишувањето на тех-нички договор со домаќинот на вежбата и земјите-учеснички.Како и на секое планирање и овде стана збор за различни работни групи кои работат секоја во својот домен: работна група за операции, за дизајн на сцена-рио, за креирање на листа на настани и инциденти, групи за логистички и технички побарувања, за извидување на местата на настани, за медиумско покривање на вежбата и слично. Како и да е, за успешно партиципирање и следење на наставата, секој студент треба да има одлично познавање на англискиот јазик, можност да одржува брифинзи, да води синдикат како лидер пред останатите учесници и активно да учествува во работата.

Наставната програма на курсот започна на 01.11.2016 година и траеше десети-на дена, сè до денот на доделувањето на сертификати. Сертификатите ги доделија ЗНГШ на војската на Црна Гора и военото аташе при амбасадата на Канада. Пред овој чин се организираше вежба со презентации за идни плани-рани вежби во текот на 2017 година во Црна Гора и во Украина, на која при-сутните гости, високи воени старешини од ГШ на војската на Црна Гора, имаа можност поблиску да се запознаат со наученото од страна на учесниците во курсот. Свои излагања имаа и претстав-ниците од Република Македонија.Во иднина постои одлична можност за примена на искуствата од оваа

школување во рамките на Министерство-то за одбрана на Република Македонија, односно при планирање на вежби од ти-пот „Македонски блесок“, кои се особено популарни при оценување на декларира-ните единици на АРМ. Со ваквиот тип на школување се до-бива можност за обучен персонал за планирање вежби во Република Македонија и во странство, а воедно и како предавачи на теми поврзани со оваа област (теоретска и практична примена на наученото). Со еден збор, школувањето од овој тип несомнено треба да про-должи. Со ова се зајакнува соработката помеѓу Република Македонија и Канада, помеѓу земјите-учеснички во овој тип на школување и истовремено претставува одлична можност за едукација на кадри на ГШ на АРМ и на МО на РМ. Воедно, ова е исклучителна можност за припадниците на Министерството за одбрана и на ГШ да бидат предавачи и учесници во про-цесот на планирање вежби во Република Македонија и во странство.

Драган Павловски

Page 42: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

42

Во спроведување на информа-циската стратегија честопати биле правени чести менувања врз основа на планираното

време за кое требало да се постигнат саканите ефекти, но меѓутоа тие изоста-нале. Во согласност со воената доктрина на НАТО, воените односи со јавноста треба да бидат под директна потчине-тост на командантот на силите на ИСАФ, а „Инфо опс“, кој ги координира сите информациски способности, вклучувајќи ги и психолошките операции, да бидат во формациски состав во Ј3-операциите.Во почетокот на дејствувањето во ИСАФ, стратегиските комуникации се наоѓаат под надлежност на командантот на силите со помош на назначена секција за координирање за Стратком (Инфор-мациска координирачка секција), која е под директна надлежност на коман-дантот на ИСАФ, со цел да се избегне

отстапување од утврдената структура во согласност со доктрината на НАТО. При ваквата структура, тешко се успевало да се координираат односите со јавноста со информациските операции и психолош-ките операции како што тоа го бараат стратегиските комуникации. Како резул-тат на тоа, пред поставувањето на гене-ралот Ричардс за командантот на ИСАФ, се реорганизира командната структура во периодот 2006-2007 година, така што воените односи со јавноста, информаци-ските операции и психолошки операции се ставаат под надлежност на секцијата Ј3 во новоформиран оддел познат како „заеднички ефекти“. На тој начин се овозможило сите компоненти да бидат меѓусебно координирани од едно место во остварување на целите на стратеги-ските комуникации, но притоа на воените односи со јавноста им се одзема нивната привилегирана директна врска со коман-

Глобал

Стратком во ИСАФ –многубројни промени

Page 43: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

43

дантот, што на крајот покажува нега-тивни резултати при комуникацијата со јавноста и пласирање на идеите. Исто така, со ваквата структура се прекршува уште една поставка на НАТО-доктрина-та, со тоа што психолошките операции премногу тесно соработуваат со во-ените односи со јавноста, што создава уверување дека односите со јавноста спроведуваат пропаганда. Според тоа, формациската поставеност на Стратком мора повторно да биде сменета.Веднаш по ова преструктуирање, следи уште едно во кое генералот Ричардс ги враќа воените односи со јавноста во директна надлежност на командантот на силите но притоа не ја намалува спо-собноста и меѓусебната координација со заеднички ефекти, за да се продолжи директно да се координираат заедно со информациските операции и со психо-лошките операции за остварување на целите на стратегиските комуникации.Наследникот на генералот Ричардс, генерал Мекнил, повторно ја враќа секцијата J3 со својата оригинална структура: информациските операции и психолошките операции се ставаат повторно под директна надлежност на J3, додека воените односи со јавноста се враќаат под директна надлежност и непосредна команда на командантот на силите. Генералот Мекнил иницира промена на доктрината на НАТО во обид да се овоз-можи поголема соработка со поголеми можности за стратегиските комуникации помеѓу информациските операции, пси-холошките операции и воените односи со јавноста, при што тие координираат едни со други, а исто така командантот има можност директно да раководи со стратегискиот процес на комуникација.

Генералот Мекнил, и покрај давањето можност на секој од елементите на Стратком да дејствуваат во својата природна средина, сепак со директно командување на командантот на силите врз процесот на дејствување на елемен-тите од Стратком го нарушува воениот систем на командување со директна надлежност врз елементите, со што го оневозможува Стратком да дејствува како независен процес со целосно докажување на неговите способности. На овој начин информациските опера-ции, кои се суштински во процесот за понатамошните активности на психо-лошките операции и воените односи со јавноста, не можат во потполност да ги остварат тие цели затоа што се јавува дуализам во командувањето и насочување на процесот кој треба да ги оствари крајните посакувани ефекти.Генерал Мек-Киернан, кој го наследува генералот Мекнил како командант на ИСАФ, се одлучува да создаде посебна единица за стратегиски комуникации (Стратком дивизија), со цел решавање на овој проблем. Планот на генералот е преку овие промени во постојната командна структура да им се даде можност на стратегиските комуникации да имаат директна поврзаност со сите елементи, но и да бидат под единствена команда. Во овој случај, воените односи со јавноста веќе не се под директна надлежност на командантот, туку под надлежност на секцијата за стратегиски комуникации заедно со информациските операции и психолошките операции, кои, пак, веќе не се само дел од J3, туку „де факто“ се под директна команда на командантот на Стратком, кој е со гене-ралски чин и е директно подреден на ко-мандантот на ИСАФ. Фактот што инфор-

Најзначајните разлики во многубројните еволуирања

на поставеноста на стратегиските комуникации (Стратком) во формациската

структура на ИСАФ се гледа во меѓусебната

поврзаност на компонентите на Стратком: информациски

операции (Инфо опс), психолошки операции

(Псиопс) и воените односи со јавноста

Page 44: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

мациските операции и психолошките операции се во директна координација со воените односи со јавноста, не им се допаднал на мнозинството од земјите-членки на НАТО.Генералот Мек-Кеирнан повторно ја ме-нува структурата каде што во секцијата на стратегиските комуникации ги остава во директна координираност инфор-мациските операции и психолошките операции, додека воените односи со јавноста ги враќа под директна надлеж-ност на командантот, но така во потпол-ност ја прекинува координираноста со информациските и со психолошките операции, како што тоа го налага поли-тиката на стратегиските комуникации.

Од страна на Генералот Мек-Кристал, Стратком и воените односи со јавноста поконкретно се поврзуваат со докрината на НАТО, но во исто време координира-носта на односите со јавноста, инфор-мациските операции и психолошките операции остануваат на високо ниво. Во суштина, генералот Мек-Кристал естаблира ново формациско место заменик-началник на главниот штаб за комуникации, позиција која има опе-ративни способности и е одговорна за координирање на трите информациски и комуникациски способности. Воените односи со јавноста се коорди-нирани од страна на портпаролот, кој е одговорен во исто време пред заме-

ник-началникот на главниот штаб за комуникациии, командантот на силите. Процената на Мек-Кристал за центарот на гравитација е недвосмислена – за-штита на населението и стекнување на поголема доверба на Авганистанци во својата влада и во безбедносните сили. Од јули 2010 до јули 2011 г. коман-дантот на ИСАФ, генерал Петреус, ја зачувал претходно воспоставената функција на заменик-началник на главниот штаб за комуникации како не-опходна за единство на функциите на Стратком во остварување на целта со поголемо или помало комбинирањето на комуникациските дисциплини со

потребното задржување на доктрината на НАТО за односи со јавноста. Овој начин се покажува како корисен во поглед на прашањата од оваа област кои се случуваа прогресивно, како и во поглед на ставање на располагање на сите комуникациски и информа-циски капацитети под една команда, опфаќање на пошироки целни групи и поголем број на организации од струк-турата на ИСАФ на повеќе оперативни правци.Во здружениот штаб на главната ко-манда на ИСАФ, функциите на опера-циите и планирањето беа поддржани од интегрирањето на воените односи со јавноста и информациските опера-ции низ повеќе функционални тимови, секој од нив задржувајќи функциона-лен авторитет и примајќи технички на-соки од началниците на канцеларијата на воените односи со јавноста и на информациските операции.

44

Генералот Мекнил иницира промена на доктрината на НАТО во обид да се

овозможи поголема соработка со поголеми

можности за стратегиските комуникации помеѓу

информациските операции, психолошките операции и

воените односи со јавноста, при што тие координираат едни со други, а исто така командантот има можност директно да раководи со стратегискиот процес на

комуникација

Page 45: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

45

Последните три команданти на ИСАФ ги задржуваат сличните стратегиски императиви со незначителни промени во согласност на различните преди-звици на секоја ротација. Комуникаци-ските структури на Стратком во ИСАФ од 2011 до 2014 година се солидно воспоставени и потребните профили се во основа исти, и покрај тоа што способностите се редуцираат со текот на времето (како што се аналитичкото оценување) или се отстранети (истуре-ни тимови за односи со јавноста), како што се намалува и бројот на ангажи-раните сили во ИСАФ, што особено за-почнало од декември 2013 година. И во почетокот на 2014 година, сепак бројот на ангажиран персонал во секциите кои го спроведуваат Стратком останува на мошне голема бројка од 70 старе-шини, при што во односите со јавноста не биле направени големи намалувања за разлика со значајното намалување во информациските операции и психо-лошките операции.Стратком, каков што бил замислен од креаторите, требало во ИСАФ да прет-ставува еден вид војна за придобивање на сфаќањата и се гледа на теоретски претпоставки на потполн легитими-тет на владата на ИР Авганистан и оддалечување од непријателското и неповолно влијание на Талибанците. Во секој следен временски период, сè повеќе требало да се придобива на-селението, со цел да биде наклонето повеќе кон ИСАФ отколку кон бунтовни-ците, но за да се постигне тоа треба-ло да се изнајде начин да се зголеми довербата во услови на неопходност од кинетички борбени дејства и неизбежни-те колатерални цивилни жртви. Целата концепција повеќе изгледа како политич-ка кампања која има цел да го придобие населението активно да ја поддржат авганистанската Влада и ИСАФ, но напредокот и одржувањето на позитив-ната перцепција за улогата на ИСАФ и легитимноста на владата, особено кај јавноста на локално ниво, е многу ран-лива, пред сè, поради цивилните жртви како колатерални штети од акциите на ИСАФ-силите и многу други грешки кои се должат на некоординирањето помеѓу авганистанските безбедносни сили и ИСАФ-силите. Исто така, стратегијата на стратегиски-те комуникации за постоење на еден координиран план за ширење на точни информации, со цел да ги дистрибуира-ат пораките за целите и намерите кои треба да се постигнат и да допрат до секој поединец не успеала, бидејќи пре-ку политизирање на пораките, намерно избирање на само дел од севкупната популација, како и пласирање на вести

и идеи кои не биле во целост точни, го прави концептот на Стратком во мисијата ИСАФ да биде само делумно успешен ( или можеби за некои автори и целосно неуспешен). Не случајно во-ените планери во САД во периодот пред

крајот на мисијата ИСАФ во потполност ја отфрлат Стратегијата за стратегиски комуникации и ја преобликуваат во синхронизација на комуникациите во командувањето.

Тони Јаневски

Стратком, каков што бил замислен од креаторите, требало во ИСАФ да претставува еден вид војна за

придобивање на сфаќањата и на теоретски претпоставки на потполн легитимитет на владата на ИР Авганистан и

оддалечување од непријателското и неповолно влијание на Талибанците

Page 46: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Сите елементи на оперативниот дизајн се испреплетуваат и се надополнуваат и не би

требало да постои „најважен елемент“. Но, оперативниот пристап претставува практичен продукт на дизајнот, се развива во рамките кои ги задаваат сите останати елементи и се менува во зависност од нивниот инпут. Според американската доктрина JP 5-0(2011), оперативниот пристап ги опфаќа севкупните активности кои вооружените сили ги преземаат за да ја трансформираат моменталната состојба во крајна посакувана цел. Оперативниот пристап започнува како концептуален дел на планирањето со што се осмислува општиот пристап во однос на поставените крајни цели. Тој ја добива извршната форма во фазата на детално планирање кога се

одговара на поставеното суштинско прашање, како да се постигнат крајните цели. Оперативниот пристап се развива во однос на оперативното опкружување, проблемот и посакуваната крајна цел. Пронаоѓање на вистинскиот оперативен пристап во воените операции е мерка за добра оперативна вештина на военото лидерство.Оперативниот пристап има посебно значење во оперативниот дизајн бидејќи со него се комуницира идејата на командантот како концептуално да изгледа заедничкиот, здружен напор на сите потчинети единици и команди. Затоа е неопходна вештината на системско размислување на клучното лидерство на сите нивоа, за да ја сфатат сите потребата и оправданоста на одредениот оперативен пристап. Во модерното војување каде човечките

46

Глобал

Оперативен пристапОперативен пристап е суштински елемент на

оперативниот дизајн со кој се опишува начинот или методот

со кој командантите го напаѓаат

притивничкиот центар на гравитација. Основен

услов за да се одреди оперативниот пристап е

одредување на вистинскиот центар на гравитација што, иако

изгледа лесно, многу не успеваат критички да го

препознаат

Page 47: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

животи се многу повредни од порано, оперативниот пристап мора да го оправда ризикот и потенцијалните губитоци. Одредување на најекономичен, најбезбеден, а истовремено најефикасен оперативен пристап претставува барање решение на исклучително комплексен проблем со многу варијабли. Во зависност од начинот на кој се напаѓа противникот во време и простор, разликуваме директен и индиректен оперативен пристап. Директниот оперативен пристап подразбира напад на противничкиот центар на гравитација директно во непосреден контакт со кинетичка, физичка сила. Бидејќи ризикот за загуби е поголем, низ историјата отсекогаш бил повеќе префериран индиректниот пристап, бидејќи се избегнува директен судир со противникот. При индиректен пристап центарот на гравитација не се напаѓа директно, туку се ослабнува со напади врз неговите критични побарувања, ранливост и капацитети. Особено во модерното војување, индиректниот пристап е често единствен логичен избор. Денес центарот на гравитавија секогаш е добро бранет и доволно силен за да не може да се уништи со еден удар. Значењето на оперативниот пристап се гледа во тоа што овозможува подобро разбирање на проблемот и оперативното опкружување, обезбедува рамки за планирање на операции и кампањи и на крај му дава на командантот основа за развивање на детален план. Фактори кои се земаат предвид при развој на оперативен пристап се слабите

и силните страни на сопствените и противничките сили, закани, можности, услови и состојби на опкружувањето, населението и други влијанија кои значајно придонесуваат за успех или неуспех на боиштето. При анализа на мисијата, фактите и претпоставките, исто така играат значајна улога за одредување на повеќе критериуми при избор на оперативниот пристап. Покрај одредување на центарот на гравитација, друг елемент кој значително влијае врз правилно одредување на оперативен пристап е дефинирање на можните линии на операции и напор кои се протегаат кон целите. Оперативниот пристап е директно врзан за линиите на операции и се одвива со нивно поврзување, бидејќи тие ги поврзуваат и ги содржат одлучувачките моменти на боиштето. Оперативниот пристап го одредува командантот со дефинирање на линиите на операции и напор со кои ќе ги овозможи посакувани состојби и услови на теренот во однос на противникот и сопствените сили, или ќе ја постигне крајната воена цел. Оперативниот пристап обично подразбира исполнување само на воените цели, не и на политичките. Додека планерите земаат предвид повеќе пристапи и му ги предлагаат на командантот како варијанти на дејство, оперативното опкружување и однесувањето на противникот постојано се менуваат. Затоа планирачкиот процес никогаш не престанува, а сите нови информации произведуваат нови факти и претпоставки. Понекогаш претпоставките може да го поткопаат замислениот оперативен пристап, но тоа е ризик кој мора да се прифати. Командантот има голем терет да балансира меѓу безбедноста и ефикасноста. Затоа, давање на претпоставки и нивното поврзување во причинско-последнична врска треба да биде реално и искрено. При решавањето на проблеми, особено комплексни, способноста за причинско-последнично расудување е клучна за пронаоѓање решение. Во планирачкиот тим е корисно истовремено да има луѓе кои се внимателни и темелни, но и луѓе кои се опортунисти и смели, за низ процесот на воени игри да се најдат на средина и да му предложат на командантот најприфатлив оперативен пристап.Оперативниот пристап се развива

47

Page 48: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

48

за да се произведат неколку клучни продукти: прво, детален опис на оперативната средина со сите чинители кои ги содржи, а кои на каков било начин може да влијаат врз операциите. Потоа се дефинира проблемот, јасно и прецизно, за да може да го сфати и последниот ешалон во ланецот на хиерархија. Јасно комуницирање на визијата на командантот е предуслов за постигнување единство и здружен напор. Оперативниот пристап треба да биде во форма на повеќе јасни планирачки насоки за помалите ешалони, како изјава на командантот

што сака да постигне и како. Сите влезни параметри се подложни на влијание и цело време менливи, не само од опкружувањето и противникот, туку и од сопствените стратегиски насоки кои може да се сменат.Оперативниот пристап се одредува со комбинирање на логика, каузалност, реалност и ризик. Во процесот на планирање при извршување на здружени, комбинирани и мултинационални операции, доаѓањето до оперативен пристап е далеку посложено. На ова претходи консензус околу повеќе

предизвици меѓу партнерите, како што е центарот на гравитација, природата на проблемот, сфаќањето на опкружувањето, но и разлики во воената култура, националните интереси, правилата на војување, националните ограничувања и воените доктрини. Обично војските на сојузите и алијансите имаат расчистено околу овие предизвици, но практиката покажува дека секогаш постои фрикција помеѓу планерите во мултинационалните штабови околу формата на оперативниот пристап. Ова, главно се должи на воено-културолошките разлики во поглед на односот кон задачата, победата и поразот во војна. Оперативниот пристап ги зема предвид елементите кои ја даваат борбената моќ на вооружените сили: способност за маневар, лидерство, огнена моќ, заштита на силите и на информациите и принципите на војната: тежиште на силите, цел, офанзивност, изненадување, економичност на силите, единствено командување, безбедност и едноставност. Секоја од нив има посебно влијание во изборот на пристапот, но мора да се прифати дека за некои ќе мора да се направи компромис, бидејќи не постојат идеално поволни состојби и услови за да ги задоволат сите фактори. Оперативната вештина лежи во способноста да се синхронизираат елементите и принципите во една единствена оперативна рамка. Клучните влезни елементи за развој на оперативниот пристап почнуваат со изјава за мисија или задавање на проблемот кој треба да се реши.

Оперативниот пристап има посебно значење во

оперативниот дизајн бидејќи со него се комуницира

идејата на командантот како концептуално да изгледа

заедничкиот, здружен напор на сите потчинети

единици и команди. Затоа е неопходна вештината на

системско размислување на клучното лидерство на сите нивоа, за да ја сфатат сите потребата и оправданоста на одредениот оперативен

пристап

Page 49: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Следниот чекор е сфаќање на фрикцијата помеѓу моменталната состојба на теренот и посакуваната крајна цел. Потоа се идентификуваат оние фактори во рамки на оперативното опкружување кои влијаат врз операциите, а мора да се променат или да се насочат за да бидат корисни за нас, се согледуваат можностите кои ги нуди теренот, условите и состојбите, како и заканите кои претставуваат пречка за да се постигне посакуваната состојба. На крајот се земаат предвид ограничувањата, и тоа и оние кои ни се наметнати и оние кои самите ги задаваме. Првичниот концепт за центарот на гравитација кој го задал Клаузевиц како извор на морална или физичка сила на противникот, денес има променето значење. Во модерното војување противникот е распространет на многу поголем простор, така што невозможно е да се одреди единствено тежиште во кое противникот ќе се уништи со еден удар. Затоа денес е посебно сложено да се идентификува вистинскиот центар на гравитација. Иако не е секогаш возможно, особено во противбунтовнички операции, идентификувањето на центарот на гравитација во раната фаза на планирањето е многу важно за да се определи соодветен оперативен пристап. Еден клучен аспект на оперативниот дизајн е да се одреди дали противничкиот центар на гравитација ќе се нападне директно или индиректно. Лидел Харт сметал дека одговорен за високата стапка на жртви на двете завојувани страни на

западниот фронт во Правата светска војна бил изборот на директен оперативен пристап. Стратегиското лидерство и делумно оперативното, не само што ја занемариле убиствената моќ на новите оружја и технологии во тоа време, туку ги занемариле и искуствата од помалите конфликти во претходната деценија во која тие веќе биле применети во практика. Харт станал силен поборник за индиректен пристап со кој прво ќе се извади противникот од рамнотежа, а потоа би се нападнало неговото тежиште. Во последните 15 години и со војната против тероризмот во Ирак

и Авганистан, индиректниот пристап доби поголемо значење во воената доктрина на западните армии. Индиректниот пристап е особено карактеристичен за специјалните операции, преку извршување на мисии како воено асистирање и неконвенционалното војување. Во постконфликтното градење на мирот, речиси сите линии на напор спаѓаат во категоријата на индиректен пристап, бидејќи се создаваат поволни услови и состојби за победа со некинетички методи. Од друга страна, колку и да се фаворизира индиректниот пристап и да се истакнува неговата безбедна страна за остварување на крајната воена цел, директниот пристап и понатаму ќе остане релевантен. Дури и да не се применува, потенцијалните капацитети и можности т.е. моќта да се употреби директен оперативен пристап игра голема улога во меѓународната арена. Ова се гледа во обидите НАТО одлучно да ја демонстрира својата конвенционална воена моќ преку повеќе мултинационални вежби како одговор на новото будење на руските амбиции. Способноста за отворена, директна конфронтација, ќе остане важен адут на големите сили и сојузи. Колку и да се критикува директниот пристап, можноста да се примени воената сила во полн капацитет отворено на боиштето е важно за одвраќање од агресија.

Ѓорѓи Вељовски

49

Page 50: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

50

Генералот Васко Карангелески по-четното образование го завршил во родното село Брусник. По Април-ската војна 1941г., Васко бил меѓу

петмината врсници кои организирано почнале да се подготвуваат за вооружена борба за слобода. Тие собирале оружје, муниција и разна опрема којашто била потребна за бор-ба, за партизанска единица. Поради таквата преданост на претстојната борба, есента 1941 г. бил примен за член на СКОЈ и како партизан во ПО „Гоце Делчев“, кој е формиран на 22 мај 1943 година на пла-нината Вичо, близу леринско-то село Прекопана. Одредот постојано се зголемувал. Но-вите борци со оружје и со опрема се снаб-дувани со одземеното од непријателите. Со својата храброст, чесност, хуманост, дружељубивост и верба во победата, Васко бил ценет од соборците и од раководите-лите на одредот. Постепено се искачувал и по скалилата на воен раководител. Прво станал десетар, па командир на вод, кога бил примен за член на КПЈ (1943).По капитулирањето на Италија, ПО „Гоце Делчев“ направил план за разоружување на

италијанската војска во Преспа. Најголем успех бил постигнат во Љубојно. Разору-жани биле околу 250 италијански војници и запленети шест тешки и седум лесни митролези, четири коли муниција, аптека во вредност од 250 000 леви и др. Тогаш на ПО „Гоце Делчев“ му се приклучиле шеесе-

тина Италијани, од кои се формирала чета-та „Гарибалди“, но се дале 4 скапи животи и тројца биле ранети.На 15 септември 1943 година, одредот „Гоце Делчев“ се реорганизирал. Дел од неговите борци биле испратени за Кајмакчалан. На 11 ноември 1943 година од негови и други борци се формирал баталјонот „Стив Наумов“, кој на 18 декем-ври 1943 година се нашол во селото Фуш-тани, Мегленско.

Од 18 до 23 декември Фуштани бил центар на македонската борба. Во него биле по-голем дел на НОВМ под команда на Глав-ниот штаб. Се извршила реорганизација на воената единица на 22 декември. Покрај двете бригади, се формирала и Трета група на баталјони од баталјоните „Стив Наумов“

и „Христо Ботев“.Во Февруарскиот поход, за-едно со Третата оперативна група која ја сочинувале баталјоните „Стив Наумов“ и „Христо Ботев“, ја поминува реката Вардар, а преку источ-ниот дел на Вардарскиот дел на Македонија се пробива на кумановскиот терен, каде што се формира Третата македонска ударна бригада.

Групата на Васко Карангелески тргнала од селото Зборско преку Солунско Поле, ја минала реката Вардар кај селото Оризари и свртила на север преку Беласица, Ограж-ден, Плачковица и Осоговски Планини за да пристигне на Козјак. Февруарскиот по-ход, Групата на Главниот штаб го крунисала со формирањето на Третата македонска ударна бригада на 26 февруари 1944 го-дина во селото Жегљане, Кумановско, од баталјоните: „Стив Наумов“, „Јордан Нико-

Македонски команданти и војсководци

Генерал Васко Карангелески

Генералот Васко Карангелески (1921-1977), првоборец, генерал-полковник на ЈНА, командант на баталјон, заменик-командант на бригада, командант

на бригада и командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на

армиска област и командант на армија

Page 51: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

51

лов“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. На еден баталјон командант бил Васко Каран-гелески.Кога станал командант на баталјон во Тре-тата македонска бригада, дошле до израз неговите вонредни командантски способ-ности: брзо оценување на ситуацијата, снаодливоста, решителноста, смислата за организирање, личната храброст и неговото влијание на борците. Знаел да ги поведе и да ги одушеви луѓето пред и во борбите.Третата МНОБ, во содејство со Јужноморавскиот баталјон, со Косовскиот баталјон и баталјонот „Христо Ботев“, го разбиле Вардарскиот четнички корпус кај Сеаце кој водел жестоки борби кај Ристо-ец, а на 3 април ги уништила рудничките постројки во с. Добрево и во Пробиштип. На 25 април бил ослободен градот Кратово. Ваквиот успех се должи на извонредниот хероизам на сите борци и на тактичноста на бригадното раководство. Васко Каранге-лески знаел да му го одреди точно местото на секој борец. Во екот на борбата тој се развивал во истакнат воен раководител, во голем тактичар. Станал заменик-командант на својата бригада, а кога на 23 јули 1944 година се формирала Четвртата МНОБ на Лисец, на Плачковица, Васко Карангелески бил поставен за заменик-командант на таа единица.

На Илинден (2. VIII) 1944 година, близу се-лото Зборско, на планината Кожув, се фор-мирала Петтата МНОБ. За нејзин коман-дант бил поставен Васко Карангелески. Со таа бригада, тој, на 12-13 август водел бор-ба со бугарската фашистичка војска меѓу селата Капиново и Богомила, Велешко.Потоа искусниот и докажан воен раково-дител Васко Карангелески бил поставен за командант на Седмата МНОБ, која била формирана на 22 август 1944 година во селото Зборско на Кожув, егејскиот дел на Македонија. Првото борбено крштевање Седмата бригада го имала во Мариово. По борбата кај Грешница, го нападнале штабот на граничната единица во Јелак. Потоа го расчистувале теренот на подрачјето: Кајмакчалан – Пелистер – Герман – Преспа. На 26 август 1944 година, Васковата бригада во утринските часови тргнала на уништување на неколку караули на Кајмакчалан. Кон крајот на септември 1944 година, во селото Гопеш, Битолско, од Пет-тата, од Седмата и од Битолско-преспан-скиот НОПО, била формирана Четириесет и деветтата македонска дивизија. За нејзин командант бил поставен Васко Карангеле-ски. Подоцна во нејзиниот состав влегла и Втората МНОБ. Оваа дивизија влегла во со-ставот на XV македонски корпус на НОВЈ. Подоцна се вршени измени во дивизијата, а

Васко Карангелески бил на врвни командни должности.Како редок борец и воен раководител Васко Карангелески бил делегат на Првото засе-дание на АСНОМ, еден од втемелувачите на македонската државност. По ослободувањето, Васко Карангелески се посветил на војничката кариера. Ги завршил сите воени образовни институции на ЈНА: Вишата воена академија и курс за оператика, како и Вишата воена академија „К. Е. Ворошилов“ во Русија. По нејзиното завршување, брзо напредувал и зазел високи воени должности, меѓу другото, ге-нерапот Васко Карангелески бил командант на дивизија на КНОЈ, началник на штабот на корпус, началник на воено подрачје, командант на Третата армија, а трагичниот крај го затекнал на должност командант на Скопската воена област.Генералот Васко Карангелески активно се вклучил и во општествено-политичкиот живот. Бил пратеник во Собранието на РМ, во Собранието на Југославија и член на ЦК на СКМ.За неговите воени заслуги во НОБ, гене-ралот Васко Карангелески на 29 ноември 1953 година бил одликуван со орденот „На-роден херој на Југославија“. Тој е добитник и на други бројни одликувања, меѓу кои: „Споменици 1941“, Орден на воено знаме, Орден на братството и единството со зла-тен венец и други одликувања. Генералот Карангелески неуморно работел на поврзување на активностите на Армијата со територијалната одбрана и со цивилната заштита, во издигнувањето на македонски воен кадар. Неговата грижа за војниците и за потчинетите била неизмерно голема и секому му помагал, од војник до старешина.Загинал на 02.02.1977 г. во до денес сè уште докрај неразјаснети околности, при лов во околината на Брод. Генералот Ка-рангелески е прогласен и за народен херој на Југославија.

д-р Марјан ДимитријевскиГенерал во пензија Борис Стојаноски

Page 52: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

52

Незадолжително

Македонски книжни и ковани пари

Page 53: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Парите претставуваат општо-прифатено средство кое служи за размена на производите, за чување на вредноста и за

плаќање на долговите. Тие се засноваат на договор во рамките на една заедни-ца за користење на одредено средство за размена. Овој договор за користење на кој било материјал за пари може да биде или експлицитен или имплицитен, слободно избран или под принуда. Во текот на историскиот развој, голем број производи служеле како пари. Во по-доцнежниот развој, наместо производи се употребувале метали со втиснати ка-рактеристични елементи. Подоцна сред-ството за размена станало самостојна категорија, губејќи постепено секаква врска со конкретниот производ од кој потекнало. Неговата вредност се теме-лела врз уверувањето дека за него, во определен сооднос, ќе може да се стекне друг производ, односно која било друга употребна вредност.

Историја на парите во МакедонијаИсторија на парите во Македонија е мош-не долг временски период на постоењето на парите како платежно средство, од монетоковањата на македонските родов-ски заедници векови пред нашата ера, па сè до денешниот македонски денар како валута на Република Македонија. Поче-токот на монетоковањето на територијата на Македонија датира од крајот на VI век пр.н.е. кога пајонските заедници почнале да ги издават своите сребрени монети, само еден век подоцна од појавата на монетите во светот. На крајот од VI век и во текот на V век пр.н.е. племињата кои ги населувале регионите на Пајонија, Македонија и Тракија влегле во свое-видна монетарна унија, па нивните пари биле ковани со ист тежински стандард, имале исти номинали и иконографија , но сепак со белег на посебност, а била поврзана со нивната религија и со секојдневниот живот. Македонските племенски заедници биле во тесна врска со пајонските, па некогаш и тешко се разграничуваат едни со други. Меѓу обе-динувачките претстави кои се јавуваат на монетите е сонцето, кое подоцна ќе прерасне во препознатлив симбол на македонската кралска куќа на Аргеади-те. Во Народната банка на Република Македонија се чуваат 180 монети кои биле ковани од пајонските владетели, меѓу кои има исклучително ретки и уни-катни примероци. Еден таков примерок е диаболот на пајонскиот владетел Тевтај, за кој нема потврда во пишаните извори и единствено оваа монета го потврдува неговото постоење. Историјата на маке-донското кралско ковање монети започ-нува со Александар I Филхелен (498-454

г.пр.н.е). Во регионот што го населувале Бизалтите се наоѓала планината Дисо-рон, позната по своите богати рудници од кои, според Херодот, Александар I доби-вал по еден талант сребро дневно (околу 26 кг). За време на своето владеење Пердика II ковал само сребрени монети со помали номинални вредности – тешки и лесни тетраболи, диоболи и оболи, мо-жеби заради недостатокот од сребро со кој се соочувал, но и заради потребата од поголема монетаризација на негова-та економија. Наследникот на Пердика II, кралот Архелај (413-399 г.пр.н.е), повторно вовел големи номинали во сребро коишто требало да ги задоволат потребите на надворешната трговија. За потребите на локалниот пазар биле ковани поситни сребрени номинали, како

и бронзени пари коишто за првпат биле воведени во употреба во 400 г. пр.н.е. Во времето на Филип II Македонски, Македонија станала најмоќна држава. По неговото доаѓање на власт започна-ло ковањето на Филиповите сребрени пари во Пела. Со монетарната реформа којашто била спроведена во 345 г. пр.н.е. Филип II првпат во монетарната историја на Македонија вовел златна номинала. Златниот статер бил кован во истите ковници во кои биле произведувани сре-брените пари. По смртта на Филип II, на престолот дошол неговиот син Александар III Македонски, еден од најголемите и најхаризматичните војсководители во историјата на човештвото. Во текот на своето владеење успеал да ја прошири територијата на Македонија од Египет до Индија, и на тој огромен простор

Македонски книжни и ковани пари

53

На 29 април 1993 година, југословенските динари

официјално престанале да важат како платежно средство

во Македонија. Дизајнот на првата емисија на книжни

пари било дело на графичкиот уметник

Борче Николоски, а банкнотите носеле ликовни решенија од

македонската историја. Подвалутата на денарот е

наречена „дени“ и претставува еден стоти

дел од денарот

Page 54: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

54

циркулирале неговите златни, сребрени и бронзени пари кои се ковале во трие-сетина ковачници низ целата империја. Моќта на Александар Македонски, како и високата чистота на металот од кој биле ковани неговите пари, условиле овие монети да станат општо прифатено меѓународно платежно средство. Парич-ниот систем на Македонската Империја во овој период се засновал врз атичкиот систем. По поразот на Македонците во 168 година пр.н.е. државата била ставена под римски протекторат и поделена на четири области. Рудниците од кои се до-бивала златна и сребрена руда биле за-

творени и со таа мерка монетоковањето било значително редуцирано. Монетите кои биле емитувани во име на градо-вите претставуваат вообичаен тип на римското провинциско монетоковање. Меѓу мноштвото градови кои во римски-от империјален период добиле дозвола да издаваат пари на територијата на Македонија денес се наоѓа единствено Стоби. Со паѓањето на Македонија под власт на Римјаните, покрај провинциски-те монети во првата половина на I век пр.н.е. во циркулацијата на територијата на Република Македонија влегол и рим-скиот денар. Денарот е сребрена монета која во Римската Република била вове-дена во оптек околу 211 година пр.н.е. Името потекнува од лат. deni (по десет), што ја означувало неговата првобитна вредност од 10 аса, која на дел од де-нарите е означена со ознака Х. Според оваа номинала е именувана и денешната македонска валута. Почетокот на византиската нумизматика најчесто се поврзува со монетарната

реформа на Анастасиј I со која биле воведени нови бакарни пари, додека златното ковање останало непромене-то, па во оптек биле златните солиди, семиси и тремизи. Покрај драстичното зголемување на тежината во однос на доцноримските монети, новите бакарни пари добиле и ознака за вредност спо-ред хеленскиот нумерички систем, што било забележано на нивната реверсна страна. Во втората половина на ХI век циркулацијата на пари на територијата на Македонија била зголемена, а една од причините била фискалната рефор-ма во 1042 година со која данокот во натура бил заменет со данок на пари. Покрај тоа, зголемената монетаризација може да се објасни и со распаѓањето на Самуиловата држава и потпаѓањето на македонската територија под византи-ска контрола, како и со инфлациските процеси кои во овој период зеле замав. Венецијанскиот грош, кој бил воведен во времето на дуждот Енрико Дандоло, со својата стабилна тежина од 2,17 грама и непроменливата чистота на среброто од 98,5 %, станал доминантно платеж-но средство во трговијата. Карванска-та трговија која се одвивала помеѓу Венеција и внатрешноста на Балканот била главна причина за циркулација на венецијанските грошеви на територијата на Македонија, паралелно со византи-скиот монетарен систем. Нивното прису-ство започнало набрзо по воведувањето и продолжило со различен интензитет сè до потпаѓањето на овие области под османлиска власт. Во втората половина од ХIII век, паралелно со венецијанските грошеви, во Македонија циркулира-ле динарите на српските владетели. Српската средновековна држава почнала да емитува свои пари во времето на кра-лот Радослав, но дури по освојувањето на северниот дел од Македонија, од страна на Милутин во 1282 година, тие станале доминантна парична единица на овие простори. Српските динари во почетокот ги имитирале венецијанските грошеви, а од првата половина на ХIV век, динарите добиле чисто византи-ска иконографија. По распаѓањето на српската средновековна држава, на територијата на Македонија биле форми-рани неколку кралства и благороднички поседи чии владетели ковале свои пари. Познато е дека една од ковниците на кралот Волкашин се наоѓала во Призрен, но сигурно дека ковањето било органи-зирано и во Македонија. До крајот на 19 век врз територијата на Македонија била воспоставена отоманската власт, а со тоа влегле во циркулација парите на отоманскиот монетарен систем. Низ целата територија биле отворени повеќе ковачници кои требало да ги задоволат нејзините економски и фискални потре-

Во Народната банка на Република Македонија се

чуваат 180 монети кои биле ковани од

пајонските владетели, меѓу кои има

исклучително ретки и уникатни примероци.

Еден таков примерок е диаболот на пајонскиот владетел Тевтај, за кој

нема потврда во пишаните извори и

единствено оваа монета го потврдува неговото

постоење

Page 55: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

55

би. Во тоа време, на пазарот циркули-рале златните алтани, сребрени акчи и бакарни мангири.

Парите во независна Република МакедонијаМонетарното осамостојување е про-цес на прецизирање на државниот суверенитет во областа на моне-

тарните финансии, вклучувајќи и создавање на национална валута. Тоа се вршело во најголема тајност, веднаш по прогласувањето на неза-висност и донесувањето на Уставот. Прогласувањето се случило на 26 април 1992 година, кога првиот премиер на на-шата држава, Никола Кљусев, од говорницата

на парламентот ги презентирал првите пари. Името на македонскиот денар води потекло од римскиот збор „денариус“, збор изведен од дени – што значи „по десет“. Најпрвин, во 1991 година биле воведени вредносни бонови печатени во печатницата „11 Октомври“ од При-леп. Тие требале да послужат како привремено платежно средство. На 29

април 1993 година, југословенските ди-нари официјално престанале да важат како платежно средство во Македонија. Дизајнот на првата емисија на книжни пари било дело на графичкиот уметник Борче Николоски, а

банкнотите носеле ликовни решенија од македонската историја. Подвалутата на денарот е наречена „дени“ и прет-ставува еден стоти дел од денарот. Во Република Македонија денес во оптек се ковани пари од 1, 2, 5, 10 и 50 дена-ри и книжни пари од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари. Народната банка на Република Македонија го има ексклу-зивното право на печатење и издавање на нашата валута. Монетите се коваат во ковачницата „Сувенир“ во Самоков, а банкнотите од 10, 50 и 100 денари се печатат во Македонија, додека дено-минациите од 500, 1000 и 5000 денари од 1996 година се печатат во една лон-донска печатница. Народната банка на Република Македонија постојано издава јубилејни монети, како златен, сребрен, бакарен денар, во апоени од 1, 2, 5, 10, 60 и 100 денари, со што се одбележани важни историски настани и личности. Печатењето на банкнотите трае од че-тири до шест месеци. При изработката на десетденарката, на хартијата се на-несуваат 12 слоеви боја. Во банкнотата се вградени 10 заштитни елементи. Температурата во просторијата во која се печатат парите мора да изнесува 18 степени, притисокот да биде 989 хек-топаскали, а влажноста на воздухот не смее да биде повисока ниту пониска од 55 проценти. На крајот секоја банкнота мора да издржи двочасовно вриење на 90 степени Целзиусови во машина за перење, односно не смее да претрпи никакви оштетувања. Таа не смее да се скине и по 5 000 превиткувања, а пред-видено е во промет да издржи од 5 до 7 години. Од средствата за заштита банк-нотите содржат воден жиг, дел што ги менува боите во зависност од аголот под кој се гледа и таканаречен двоен пасер, предмет поделен на два дела кој, кога се гледа во правец на светлината прави целина. Третата страна на банкнотата служи за заштита и само малкумина мо-жат да ја видат.

Игор Ташковски

Сегашното издание на македонски банкноти е пуштено во оптек на 8 Септември 1996 година и се состои од книжни

пари, дело на ликовниот уметник Билјана Унковска. Банкнотите носат ликовни решенија коишто го изразуваат

богатото културно-историско наследство на Република Македонија. Издадени се и две сувенир-банкноти –

„Личникот“ (создаден од вевчанци) и „Македонката“ (на која е прикажана Белата кула во Солун)

Page 56: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

56

Филм

Четириесет и два милиони – ова е моменталниот број на луѓе во светот кои биле принудени да ги напуштат нивните домови поради

политички и воени конфликти, кои се зака-нувале по нивните животи. Ги именуваме со различни имиња - бегалци, мигранти, азиланти, ги погледнуваме со страв или презир, притоа заборавајќи дека исто како нас, и тие некогаш имале сè... Светот во кој живееме никогаш не бил во мир. Живе-еме во општество што ги задојува своите деца со идејата дека треба да си го гледа-ат сопствениот двор, дека туѓото страдање е несреќна судбина и не е твој проблем. Но, постојат и многу тивки херои кои не можат да останат рамнодушни на болката на населението во воените жаришта, на децата кои останале без нивните мајки и татковци, семејствата кои останале без

покрив над главата. Од волонтери на Црвениот крст и УНХЦР, па сè до индиви-дуалци-хуманитарци, овие луѓе се искра светлина и надеж за настраданите во воените подрачја. Филмот „Преку граници“ е величање на овие бестрашни и несебич-ни битија, раскажано преку надчовечките напори на англискиот доктор Ник Калахан, кој ги следи најголемите воени конфлик-ти во последните две децении на 20 век, од Етиопија преку Тајланд и Камбоџа до Чеченија, играјќи улога на локален (анти)воен херој.

Блиску до опасноста, поблиску до љубовтаДодека во Етиопија беснее граѓанска војна, во Лондон, кон крајот на 1984 г. се организира хуманитарна забава за донирање средства за поддршка на из-

гладнетиот и измачен народ на оваа афри-канска земја. Но, хипокритичната веселба на лондонската елита е нарушена со упа-дот на докторот-отпадник Ник Калахан, кој брутално но искрено им ја презентира на присутните реалноста во Африка, носејќи им едно мало момче од Етиопија, голо и прегладнето, истовремено разоткривајќи ја лицемерноста и очајнички молејќи за вистинска помош за спас на тој народ. Неговата натрапничка „интервенција“ не вродила со плод, но предизвикува пресврт во животот на една од присутните – мла-дата Американка Сара Џордан. Потресена од сликата на малото момче кое стои на средина на салата, со ребра кои пробива-ат под неговата кожа, целосно обземена од чувството на сожалување и човечност и желбата да помогне, таа станува вистински теренски волонтер во бегалските кампови.

„Преку граници“

Page 57: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

57

Но, со впуштање во светот на војната, таа несвесно влегува во опасен свет каде кур-шумите не бираат каде ќе завршат. Во тој вител на валкани воени игри, Сара открива дека ниту припадниците на Црвениот крст или Обединетите нации немаат имунитет како неутрална страна и дека нивните животи се кревки, кршливи и незначајни како и на кој било друг со пушка во рацете. Нагонот да им се помогне на бегалците и настраданите со лекување и храна е испреплетен со борбата да се зачува сопствената глава. Соочувајќи се со смрт и болести околу неа, со безнадежни и очајни погледи, таа дознава дека еден човек може да направи голема промена. Доказ за тоа е докторот Ник. Покрај тоа што ја открива во себе безграничната моќ на хумано-ста и пожртвуваноста, таа наоѓа и нешто сосема неочекувано –роман-са со докторот која започнува со воодушевување за неговата дејност, а завршува со силна љубовна поврзаност, емотивна врска која се пренесува и цвета во најопасните региони од светот.

Незапирливиот докторПреку средби со опасни инфектив-ни болести, одамна искоренети во цивилизираниот свет, кои сведочат за бру-талноста на „Црвените кмери“ или за не-пресметливоста на чеченските бунтовници, Сара Џордан е пасошот за доставување на хуманитарна помош во кризните регио-ни во светот. Сепак, Ник е тој кој вистински живее, дише и постои заедно со бегалци-те. Во неговиот свет нема место за имиња на луѓе, за љубов, за емотивно врзување. „Ако го знам името на некој, тогаш тој е мој пријател. Што ќе остане од мене ако ги знам имињата на сите кои секојдневно ми умираат на раце?“ - ќе рече самиот.

Сепак, пристигнувањето на Сара ги изме-стува неговите убедувања и го исфрла од трасираната емотивна траекторија, дури и наспроти неговиот отпор да се предаде на љубовта која ја чувствува. Тој секогаш ќе помага, тоа е неговата крајна цел, па и по цена на неговиот живот. Живеејќи долги години во светот на војната, докторот знае дека каде што постои крвопролевање, чес-носта и праведноста се мртви. Тој ги учи правилата на валканите игри, влегувајќи во лавиринтот на трговијата со оружје, во длабоките, опасни кругови, само за да

стигне полесно до хуманитарната помош. Клајв Овен одлично се снаоѓа во улогата на Ник Калахан, како и во рефлектирањето на карактерните особености на ликот – цврст, решителен, доминантен и со „златно“ срце.

Хуманитарката ЏолиЗа Анџелина Џоли, која го игра ликот на Сара Џордан, овој филм веројатно е како „удобен агол во домот“, познавајќи ја историјата на нејзиниот ангажман во УНХЦР – Високиот комесаријат за бегалци

на Обединетите нации, како амбасадор на добрата волја. Со овој филм таа остварува двојно задоволство, бидејќи има шанса да работи на нешто за кое и приватно се ангажира и му придава големо значење. Интересна е релацијата во филмот со познатата наградувана, но контроверз-на фотографија на фотографот Кевин Картер, со детето и мршојадецот покрај пат во Судан, која како кадар е употре-бена во филмот. Контроверзиите околу фотографијата се однесуваат токму на дилемата која ја предизвикува човечноста

на фотографот Картер – дали тој требал да му помогне на детето или како фотограф да остане пасивен набљудувач, токму онака како што ние се доживуваме себеси кога читаме за војни и конфликти кои се далеку од нас? Токму оваа фотографија, круни-сана со Пулицерова награда, е причина за последователните на-пади и критики врз фотографот од страна на јавноста која инсистира на објаснување зошто на детето не му била укажана помош. Овие притисоци се сметаат и за една од причините за самоубиството на фотографот неколку месеци подоцна.

Иако е снимен пред 13 години, филмот е безвременска приказна за страдањата на милиони луѓе кои биле принудени да ги остават зад себе сопствените животи и да започнат од почеток, од ништо. Но, исто така, „Преку граници“ е и потсетник дека постојат луѓе кои несебично и бестрашно ќе се жртвуваат да укажат помош, искрено и посветено, без да бараат нешто за себе, и токму тие луѓе се непресушен извор на надеж за подобро утре.

Елена Ѓорѓиевска

5757

Режија: Martin Campbell

Сценарио: Caspian Tredwell - Owen

Улоги: Angelina Jolie, Clive Owen, Linus Roache, Teri Polo

Музика: Јames Horner

Времетраење: 127 минути

Земја: САД / Германија

Година: 2003

Награди: Номинација за PFC – награда на Политичко филмско друштво

Page 58: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското

Комплексот „Македонско село“ е изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19 и 20 век е своевидна

туристичка атракција лоцирана во село Нерези, во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“. На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет (дванаесет) автентични куќи во архитектонски стил кој е карактеристичен за различни региони во земјава, со сместувачки капацитет од 100 гости. Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија, и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Реканскиот крај , кратовска куќа, беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска Црна Гора. Секоја куќа е изградена со камен којшто е карактеристичен за тој крај, а имаат и различен чардак. Некои од куќите имаат два ката, додека струшката, галичката и реканската куќа се изградени

на три нивоа. Првиот кат од куќите е своевиден музеј во кој се прикажани грнчарница, ковачница, ткајачница, карактеристични за крајот од кошто потекнува изгледот на куќата. На горниот кат од куќите има соби во кои може да се преноќи. Во комплексот е изграден и музеј во кој се изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини. Освен куќи, за поавтентично доловување на околината, во комплексот се изградени и чешма сред село, трло, бачило и меана каде што посетителите ќе можат да ги дегустираат традиционалните македонски специјалитети. Посетителите можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и во амбиентот во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда. Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите можат да се

запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот е збогатен со домашни животни.Ова е исклучително значаен проект во функција на промоција и афирмација на богатата македонска културна ризница и за одмор на падините на Водно. „Македонско село“ е и музејска поставка на предмети, носии, сувенири, презентација на стари занаети и обичаи. Комплексот „Македонско село“ на странските гости им нуди за кратко време на едно место да ја видат цела Македонија во мало, нејзината историја, традиција, архитектура, култура и да уживаат во гастрономијата и македонското вино. Етно-комплексот нуди врвна услуга, пријатен престој и незаборавно искуство со уникатни содржини низ кои се промовира македонската култура. Кристина Илиевска

58

Комплексот „Македонско село“

Убавините на Македонија Туристичка атракција

Page 59: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското
Page 60: „100 години од Првата светска војнаmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/01/86-Shtit-za-web.pdfво близина на Битола и Дојран и Дојранското